Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео и фото) Регистрирани две нови единки балкански рис на Шар Планина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-libraryq0qcq88v6q1h2L14mzG

На територијата на Националниот парк Шар Планина, неодамна на трап-камери беа забележани две нови единки балкански рис, со што вкупниот број на евидентирани животни од овој редок и загрозен вид се зголеми на пет. Новоидентификуваните единки се во добра здравствена состојба, што укажува на стабилизирање и постепено закрепнување на популацијата на рисот на Шар Планина, соопштија од националниот парк.

— реклама —
— реклама —

Првите снимки на рисот на оваа локација беа направени уште во 2024 година, а на почетокот на 2026 година Националниот парк најави интензивирано следење на овој загрозен вид, како резултат на продлабочената соработка со Македонското еколошко друштво (МЕД). За потребите на мониторингот се набавени дополнителни фотозамки, а ренџерската служба продолжува со следење на присуството на рисот низ целата територија на паркот.

— реклама —
media-libraryggitc0i3g8bs1ilZS4q

Според проценките, во западниот дел од државата има околу 40 единки балкански рис. Присуството на овој вид се евидентира повеќе од две децении преку видеокамери поставени на десетици локации во националните паркови Шар Планина, Маврово, Пелистер, како и на Илинска Планина, Јабланица, Галичица и заштитеното подрачје Јасен.

Ова е уште еден охрабрувачки знак за зачувување на еден од најредките и најзагрозените видови на македонската фауна.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhm8pj8le7lqea2p6jAA

Обновена зимската маркација од Попова Шапка до Титов Врв – патеката подготвена за зимската сезона

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-librarycejccub90ba89a6TrwR

Поставени физички препреки на Шар Планина за спречување на движењето на моторни возила надвор од дозволените патишта

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryvab2c79td4789AKDEaX

(Фото) Со тешки ранци и без логистика: Емилија и Благица освоија 35 врва на Шара за четири дена за 35 години независна Македонија

Македонија | пред 1 месец

sar-planina-2

Продолжена забраната за движење на Шар Планина поради опасност од пожари: Ќе трае до 30 септември

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања