Промени тема
Контакт

(Видео) Изгребаните дрвја на Шар Планина се „потпис“ на мечките - националниот парк сподели снимка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library75384cj14lbs2AFh8SW
ФБ / Шар Планина Национален Парк

Во шумите на Националниот парк Шар Планина може да се забележат дрвја со изгребана кора, влакна или траги од кал, а од паркот објаснуваат дека овие знаци се дел од природното однесување на кафеавата мечка.

Мечките ги користат дрвјата како средство за комуникација и за обележување на своето присуство во природата. Со триење од стеблата тие оставаат мирисни сигнали за другите мечки, ја обележуваат својата територија, ја покажуваат својата големина и доминација, а понекогаш едноставно се чешаат или го менуваат старото крзно.

— реклама —

Од Националниот парк посочуваат дека ваквите „мечкини дрвја“ се важен дел од нивното природно однесување и им помагаат на експертите подобро да го следат присуството на овој значаен вид во планинските екосистеми.

— реклама —

Кафеавата мечка е еден од клучните видови за одржување на природната рамнотежа и претставува показател за здрави и добро сочувани шуми. Оттаму додаваат дека секоја трага во природата има свое значење и сведочи за богатството на дивиот свет на Шар Планина.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryvab2c79td4789AKDEaX

(Фото) Со тешки ранци и без логистика: Емилија и Благица освоија 35 врва на Шара за четири дена за 35 години независна Македонија

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
sar-planina-2

Продолжена забраната за движење на Шар Планина поради опасност од пожари: Ќе трае до 30 септември

Македонија | пред 2 седмици

sar-planina

По голема потрага, пронајдена исчезнатата Бугарка на Шар Планина

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryg9g003g5e052cDjp05t

(Фото) Сред лето падна снег на Шар Планина

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања