Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Израелски сили пресретнаа бродови со хуманитарна помош за Газа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-library4kk13n55f64a5p4LStA

Организаторите на флотилата со хуманитарна помош за Газа денеска соопштија дека израелски сили се качиле на еден од нивните бродови, додека со вториот брод во источниот Медитеран бил изгубен контакт.

Претходно, израелското Министерство за надворешни работи преку социјалната мрежа Икс порача дека „нема да дозволи прекршување на законската поморска блокада на Газа“.

— реклама —

Бродовите на Глобалната флотила „Сумуд“ испловиле во четвртокот од јужниот дел на Турција, во трет обид да достават помош до Газа, откако претходните мисии биле пресретнати од Израел во меѓународни води.

На видео-пренос во живо денеска можело да се види како воени бродови се приближуваат кон пловилата на флотилата.

— реклама —

„Воени бродови во моментов ја пресретнуваат нашата флота, а израелските сили се качуваат на нашиот водечки брод, среде бел ден“, објави Глобалната флотила „Сумуд“ на Икс.

— реклама —

Од флотилата побараа безбедно минување за, како што наведуваат, нивната законска и ненасилна хуманитарна мисија.

Во своето соопштение Израел ги повика сите учесници во акцијата „да го променат курсот и веднаш да се вратат“.

— реклама —

Претходната флотила исплови од Шпанија на 12 април, но и таа беше пресретната од израелските сили. Тогаш повеќе од 100 пропалестински активисти биле префрлени на Крит, додека две лица биле задржани во Израел.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycak8udcnlp4o9DsKbLB

Трамп ја прекинува воената помош за Израел: „Доволно се богати сами да си купуваат оружје“

Свет | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Израел: Мисијата во Иран не е завршена, подготвени сме за сите сценарија

Свет | пред 4 дена

Screenshot-2025-06-16-at-11.35.28

Израел се заканува со нови воени операции против Иран: „Мисијата сè уште не е завршена“

Свет | пред 4 дена

netanjahu

Крај на ерата на Нетанјаху? 67 пратеници го поддржаа неговиот ривал

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања