Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

(Видео) Јакимовски: Белата палата има дивоградба на државно земјиште, а мене ми судат за општински бараки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
media-library5gu481ffohqlbTlmn3q

Стевчо Јакимовски преку објава на социјалните мрежи упати сериозни обвинувања кон ВМРО-ДПМНЕ, тврдејќи дека на објектот на Белата палата е изградена тераса без градежна дозвола и на државно земјиште.

Во видеото што го објави, Јакимовски вели дека станува збор за дивоизграден објект за кој, според него, треба да се сноси кривична одговорност.

— реклама —

„Ова позади мене, терасата на Белата палата, е изградена без градежна дозвола на државно земјиште, односно дивоизграден објект за кој се сноси кривична одговорност“, изјави Јакимовски.

Тој посочи дека објектот бил изграден во период кога, како што рече, ВМРО-ДПМНЕ имала министри за транспорт и врски, државни секретари, директори на Инспекторатот за урбанизам и министри за правда.

— реклама —

„Ги прекршиле сите закони и свесно го направиле тоа. За кого? Само за нивниот интерес“, рече Јакимовски.

— реклама —

Осврнувајќи се на постапките што се водат против него, тој истакна дека се критикува за изградба на две општински бараки што ги користела администрацијата на Општина Карпош, за кои, според неговите тврдења, имало одлука од Советот на Општината, обезбедени средства во буџетот и предвидени средства во програмата.

„Тие денеска се потсмеваат на тоа што јас сум изградил две општински бараки кои ги користела администрацијата на Општина Карпош. За нив имаше одлука од Советот, беа обезбедени средства во буџетот и во програмата. Едно зборуваат, друго прават“, порача Јакимовски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

271411794_4566273830151665_730994699476532107_n

Јакимовски ќе се бори да не влезе во Шутка

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library6jneg9g43eld7tiaVQz

Стевчо Јакимовски оди една година во затвор, предметот е кај судија за санкции

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryu6dnlf3tfno29iZ1WPH

(Видео) Стевчо Јакимовски се бутна во џбун за да покаже дека во Карпош не е косено

Настани | пред 3 седмици

stevce-jakimovski-750x430-1

(Видео) „Кој знае – прави, кој не знае – брои“: Јакимовски објави кои проекти ќе беа готови за 100 дена

Скопје | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања