Промени тема
Контакт

(Видео) Јанчев од Левица: ДПМНЕ шверцува двојазичност преку ненадлежна собраниска комисија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-12-06-112154

На собраниската Комисија за енергетика, пратеникот од Левица - Сашко Јанчев побара да се тргне од дневен ред предлог-Законот за заштита на децата, поради ненадлежност на оваа комисија. Јанчев потенцира дека овој закон треба да се препрати на Комисијата за социјална политика, но претседателот на Комисијата - Бојан Стојаноски од ДПМНЕ го одби ова барање. Со предложениот закон, се воведува противуставна двојазичност на лиценците и испити, овој пат преку шверц на ненадлежна комисија од страна на ДПМНЕ, велат од Левица.

— реклама —

— реклама —
— реклама —

Во своето излагање, пратеникот Јанчев истакна дека матично тело за конкретниот предлог-закон не е Комисијата за енергетика, туку Комисијата за социјална политика и тоа се гледа во самиот предлог закон, каде стои дека лиценци од вакви испити дава министерот за социјална политика, демографија и млади, а не министерот за енергетика. Дополнително, Јанчев потенцира дека овој закон интервенира и во називот на Министерството на социјална политика.

— реклама —

Потсетуваме дека токму ДПМНЕ во минатото го спореше т.н. Закон за двојазичност, за сега коалицијата ДПМНЕ-ЗНАМ-ВРЕДИ да ја продолжи неуставната двојазичност која ја почна режимот на СДС и ДУИ, додаваат од Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3ft7rc4dl6t51mNsGBk

Левица предлага нова државна служба: Војниците над 45 години да ја чуваат критичната инфраструктура

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
pratenici-sobranie-levica

Левица застана зад жителите на Шупли Камен: Стоп за вадењето песок од Пчиња

Македонија | пред 1 ден

media-librarycq2hp0esfe8p6RRsRKO

Левица: „Фон дер Лајен го деблокира процесот, а Мицкоски кима со главата“

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: Струјата е „евтина“ само на хартија, но најмногу тежи на џебот на народот - Левица бара реформа на тарифниот систем

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања