Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Јордан собори пет ирански ракети, Техеран тврди дека цел била американска база

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
proektil-696x376
Илустрација

Јорданските системи за противвоздушна одбрана рано утрово пресретнаа и соборија пет ракети истрелани од Иран, соопштија вооружените сили на земјата.

— реклама —

Според јорданските власти, ракетите биле насочени кон нивната територија, но биле навреме откриени од системите за надзор и уништени пред да предизвикаат штета. Државната агенција „Петра“ објави дека нема жртви ниту материјална штета.

— реклама —

Во меѓувреме, иранската државна телевизија ИРИБ, повикувајќи се на соопштение на Исламската револуционерна гарда, објави дека цел на нападот била американска воена база во Јордан, како одговор на, како што наведуваат, „агресивните потези на американската војска“.

Од Револуционерната гарда порачаа дека ќе продолжат со операциите сè додека, според нив, постојат закани за Иран и активности на американските сили што ги оценуваат како незаконски.

— реклама —

Ова е трет ден по ред Јордан да се соочува со воздушни закани. Во вторникот јорданската војска собори еден дрон што навлегол во воздушниот простор на земјата, а ден претходно беа пресретнати уште две беспилотни летала. Властите тогаш не соопштија од каде биле лансирани.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhb80gm6shsn85tfBtQv

Јемен обвинува: Иран ги користи Хутите за притисок врз земјите во регионот и светот

Свет | пред 2 часа

— реклама —
media-library0n7gg5pde9lhaJMTimR

Иран се закани: Ќе ги нападнеме американските бази во Европа доколку се користат за напади врз нас

Свет | пред 1 ден

media-libraryt25enu2bj3ps7waGNA7

(Видео) Иран тврди дека два танкера се запалиле по удар во поморски мини во Ормускиот Теснец

Свет | пред 1 ден

media-libraryfbqe45p5aglecWxDifv

Иран го укина ограничувањето на дострелот на балистичките ракети од 2.000 километри

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања