Промени тема
Контакт

(Видео) Каде е милијардата на Мицкоски за борба против загадувањето, прашува Кузеска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
kuzeska

„Скопје неколку дена по ред е меѓу најзагадените градови во светот. И во други наши градови граѓаните дишат загаден воздух. Последиците се на директна штета на најважното, здравјето на луѓето. ВМРО-ДПМНЕ кога ја бараше довербата од граѓаните ветуваше активна борба со аерозагадувањето“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ, Платформа 1198, стои, дека, цитирам, приоритетни програмски определби на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во областа на заштитата на животната средина ќе бидат: План за обезбедување на чист воздух за сите!

— реклама —

Кога беше во опозиција Христијан Мицкоски ветуваше над 1 милијарда евра инвестиции за заштита на животната средина и ветуваше намалување на загадувањето до 50%.

Каде е сега милијардата којашто ја најавуваше Мицкоски за борба против загадувањето? Каде се мерките за намалување на загадувањето за 50%?

Ова е уште едно разочарување уште едно неисполнето ветување на Мицкоски.

— реклама —

Граѓаните гледаат дека власта и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ не преземаат ништо за загадениот воздух.

Во мандатот на СДСМ се преземаа серија на мерки, почнувајќи од стратешките инвестиции во гасификацијата, проектите за еколошки јавен транспорт па се до конкретни мерки за финансирање на замена на нееколошки системи во домаќинството, јавните установи, градинки училишта.

Во Град Скопје се набавија нови 33 еколошки автобуси на гас, се направија 300.000 м2 со ново зеленило и се засадија над 20.000 нови дрвја и садници.

Во средните и основните училишта се поставија енергетски фасади и прочистувачи на воздух, заменети беа котлите за греење на државните згради и во училиштата.

— реклама —

Овие мерки придонесоа за одредено намалување на просекот на концентрацијата на штетни честички во воздухот и требаше да се засилат и да се унапредат.

Но дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт и не се прави ништо. Ниту има мерки, ниту има борба против загадувањето.

Нема нови автобуси, нема еколошки транспорт, нема ниту нови зелени површни, паркови, засадени дрвја.

— реклама —

Депониите не се чистат, ѓубре има на секој чекор, не гледаме ниту еден еколошки проект ниту пак мерки за намалување на загадувањето.

Дури и долгорочните проекти за еколошки јавен транспорт како проектот БТР иако е со целосно обезбедени пари, ВМРО-ДПМНЕ ги запре.

ВМРО-ДПМНЕ не смее да го игнорира ова важно прашање за здравјето на граѓаните и мора веднаш да преземе мерки против загадувањето“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

karanfilova-panovska-1

Каранфилова Пановска: Македонија е блокирана од лажниот профитерски патриотизам на Мицкоски

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-libraryog60n8coau9ieBMVNXd

СДСМ: Две и пол години Мицкоски и ВМРО: милиони од тендери за бандата, сиромаштија за граѓаните, изолација за Македонија

Македонија | пред 15 часа

Screenshot-2024-01-15-at-09.33.00

СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: „Што направивте освен криминални тендери?“

Македонија | пред 1 ден

media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ: ЗНАМ во Гостивар го чува идентитетот, а свој нема – има далечинско

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања