Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

(Видео) „Како не ти е срам?“ – мајката на претепаното дете од Влае раскажа како реагирала мајка на едно од децата по пријавата во полиција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-librarymrpk8987q3h55QdOcks

Мајката на 13-годишното дете кое беше брутално претепано од група малолетници на плоштадот „Делфина“ во скопската населба Влае, за „Скопје1“ раскажа дека по нападот контактирала со мајка на едно од децата, но наместо разбирање за повредите на нејзиниот син, се соочила со негодување поради пријавувањето на случајот во полиција.

Според нејзиното сведоштво, жената со која разговарала реагирала со повишен тон, прашувајќи ја како не ѝ било срам што го пријавила настанот. Таа, како што раскажува мајката на повреденото момче, сметала дека станува збор за деца и не очекувала случајот да заврши со полициска пријава.

— реклама —

„Упорно имаше викање на висок тон од нејзина страна. Како не ми било срам. Тие биле деца, таа не очекувала дека јас вака ќе го пријавам во полиција“, раскажа мајката за „Скопје1“.

Мајката претходно раскажа дека момчето било опколено од група од околу 15 до 20 малолетници, дел од нив постари од него. Според неа, нападот започнал со шлаканица, по што повеќе деца го удирале со тупаници и клоци, а тврди дека бил употребен и боксирач.

— реклама —
— реклама —

Особено загрижувачко е нејзиното сведоштво дека синот првично ја молел да не го пријавува нападот, плашејќи се дека повторно ќе биде претепан.

„Ако пријавиш, мамо, повторно ќе се случи истото“, ѝ рекло детето, според нејзините зборови.

— реклама —

Таа сепак решила да го пријави случајот, нагласувајќи дека не може да дозволи нејзиниот син да живее во страв. Нападот е пријавен во полиција, а детето било подложено на лекарски прегледи.

Тврдењата за реакцијата на другата мајка се изнесени од мајката на повреденото дете и засега не се независно потврдени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3vjisvtcq3i5eZM24jA

Малолетничките кои тепаа, раскрварија и снимаа упатени во воспитно-поправен дом - пресуда за бруталното насилство во Ѓорче Петров

Македонија | пред 45 минути

— реклама —
media-libraryr42uqsjq5u3c99DNars

Децата жртви во судските евиденции зголемени за 118 отсто, прекршоците за 54 отсто – што открива извештајот за 2025 година

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryvnug5cfs0cg1aZt7kjt

„Петмина тепаат едно дете и снимаат“: Вознемирувачко сведоштво од Тетово

Коментари | пред 2 седмици

media-libraryrms9boiacf7s6ISXPUl

(Видео) „Кој ќе влезе во кругот, добива ќотек“ – мајката на претепаното дете од Влае откри што се зборува за плоштадот „Делфина“

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања