Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Видео) „Ќациленд падна!“ – со брусалица се сечат оградите, граѓаните влегоа во паркот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Свет
media-library1ip79d23f64c9vpuO5E

Оградите околу Пионерскиот парк во Белград, познат како „Ќациленд“, се сечат со брусалица, според објавата на „Крени-промени“, движењето кое на социјалните мрежи порача: „Ќациленд падна!“

— реклама —

Објавата следува по изборната вечер во Србија, во која Александар Вучиќ го призна поразот на парламентарните избори, а студентската листа прогласи победа.

Претходно, српските медиуми известија дека групи мажи облечени во црно, од кои дел носеле качулки и фантомки, почнале да го напуштаат Пионерскиот парк по обраќањето на Вучиќ.

— реклама —
— реклама —

Паркот, кој се наоѓа во непосредна близина на Претседателството на Србија, подолг период беше место на собирање на поддржувачи на власта, а просторот беше ограден и во него беа поставени шатори.

Засега нема потврдени информации кој ги сече оградите, по чија одлука се отстрануваат и дали станува збор за целосно расчистување на просторот.

— реклама —

„Ќациленд падна!“, гласи пораката што ја објави „Крени-промени“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryatmn5bh3tk6udu1tQx8

Конечни резултати од изборите во Србија: Студентската листа со 140, СНС со 103 мандати

Балкан | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryatmn5bh3tk6udu1tQx8

Познат е конечниот состав на парламентот по изборите во Србија

Балкан | пред 1 седмица

media-library13mnh6llnm839LF9x5Z

Претседателските избори во Србија мора да бидат распишани до 27 декември

Балкан | пред 2 седмици

media-library73738d5u84sb7xcuArP

Студентската листа во Србија бара оставки од раководителите на полицијата и БИА

Балкан | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања