Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Кој фали на обвинителна клупа за случајот „Пулс“, Давидовиќ: Главниот шериф не одговара

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Студио
media-libraryk26rk79e27ch1hZZ1NI

„Ако тврдите дека сите оние кои биле надлежни да ја контролираат дискотеката, а главниот шериф во градот кој е обвинител не одговара – нешто фали“. Со овие зборови адвокатот Sвонко Давидовиќ, кој застапува двајца обвинети во случајот за пожарот во дискотеката „Пулс“, ја отвори дилемата за тоа кој се најде на обвинителна клупа, а кој фали.

На прашањето дали очекува дополнителни лица да се најдат на обвинителна клупа, Давидовиќ беше дециден: „Не. Затоа што досега ќе се најдеа“, мислејќи на обвинителите надлежни да гонат кривични дела во Кочани.

— реклама —

Во разговорот се отвори и прашањето за пораката што институциите ја испраќаат до јавноста.

— реклама —

„Испраќаме дека корупцијата е до тоа ниво дојдена што носи наши животи и дека само по страшен настан преземаме дејствија одреден период, па потоа забораваме. Контроли правиме само тогаш, наместо претходно да ги преземеме потребните мерки“, истакна Давидовиќ.

— реклама —

На констатацијата дека со вакво обвинение можеби нема да има правда, адвокатот оцени дека „тажно е што правната квалификација не е во ред“, алудирајќи дека суштината на случајот можела да биде поинаку поставена.

Во емисијата беше нагласено дека предметот опфаќа голем број докази и обвинети лица, но според Давидовиќ, начинот на кој е структурирано обвинението остава простор за сериозни правни дилеми во однос на одговорноста и конечниот исход на постапката.

— реклама —

Во поткастот се зборува и ексклузивно за судијата Ѓоко Ристов и од каде му 350.000 евра во домот на родителите:

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2925l4a4e8so8n4fs0L

(Видео) Човек ми раскажа дека мајка му починала бегајќи од кравите, алармира градоначалникот на Крива Паланка

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-librarygptgdutll70g6CUQ2Xb

(Видео) Градоначалникот од СДСМ за ударот од Филипче и партијата: Непријатно е, не очекував така јавно да ми се обрати

Слајдер | пред 1 ден

media-libraryrb75f5bv9biieov6dx1

(Видео) Стојна со наплата пред “Порта Македонија”: Немој да ми кружите преку калето за да не платите!

Македонија | пред 3 дена

media-libraryd2d5522auidoaFzSLcT

(Видео) Градоначалникот на Крива Паланка: Некој им дојавува на сопствениците кога АХВ ќе ги собира кравите, акциите постојано се пресретнуваат

Студио | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања