„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Видео) Кокаин по Snapchat, имагинарен учител во судница - дилеми за психата на Штекли, вештакот раскажуваше за траумите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-09-03-at-17.18.27

Афектна студеност, психопатско однесување и психотична основа – вака вештакот Ѓорѓе Хаџи Ангелковски ја опиша состојбата на обвинетиот Раде Трајковски – Штекли, за кого смета дека не е способен да го следи судењето.

— реклама —

Хаџи Ангелковски пред судот изјави дека пред десетина години Штекли му бил пациент, а неодамна со него водел четиричасовен разговор. Според вештакот, обвинетиот има процесна психоза, која ако не се лекува може од привремена да стане трајна. Во своето вештачење наведе дека Штекли престанал да јаде месо „за да ги заштити своите браќа и сестри од претходниот живот“, дека нема емотивна поврзаност со своите три деца и дека тврди оти „имагинарен учител“ го водел од „Ист Гејт“ кон болница, при што бил нападнат од зад грб. Хаџи Ангелковски истакна дека мајката на Штекли боледувала од шизофренија, што, според него, го зголемува ризикот за 20 пати, обвинетиот да ја има истата болест. Посочи и дека бил жртва на семејно насилство, бидејќи таткото ја тепал неговата мајка. Тој тврди дека и за време на самото рочиште Штекли имал халуцинации и дека не можел со потребно внимание да ја следи постапката.

Спротивно на тоа, обвинителството достави психијатриско вештачење според кое Трајковски е апсихотичен и способен активно да учествува во судењето. На следното рочиште, својот наод ќе го презентира и нивниот ангажиран вештак, што ќе биде клучно за одлуката на судот дали Штекли е процесно способен. Обвинението опфаќа 16 лица, од кои седум веќе склучиле спогодби и добиле затворски казни од 3 до 3,5 години. Според обвинителството, групата била добро организирана, со поделени улоги од набавка до продажба на кокаин и марихуана.

— реклама —

Дрогата се чувала во изнајмени станови, а се продавала по цени од 4.500 до 6.000 денари за грам кокаин и од 200 до 300 денари за грам марихуана. Комуникацијата меѓу членовите се одвивала преку апликацијата Snapchat.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarymabr7ksfgr4acNB2T6r

(Видео) Штекли не се чувствува виновен: „Не го разбирам делото“, рече во судницата

Македонија | пред 2 месеци

media-librarya6hc61bdnebddMVWUvU

(Видео) Штекли ѝ предал писмо на докторката со аманет: „Да ми ги закопаат коските во дворот“; Таа смета дека е психички стабилен

Македонија | пред 2 месеци

rade-trajkovski-stekli-3

И рочиштето на Штекли одложено, добил еден вид епилептичен напад во судницата

Македонија | пред 2 месеци

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Осомничен 24-годишник за полови дејствија врз 5-годишно девојче

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања