(Видео) „Кран-Монтана, Кочани и заборавените лекции: Истата искра, истиот чад, истата смрт

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-libraryq7a9rfhfcg17evL3aCG

Трагедијата во ноќниот бар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, во која животот го загубија најмалку 40 лица, потсетува на неколку речиси идентични катастрофи кои засекогаш останаа запишани како едни од најсмртоносните пожари во затворени јавни објекти. Покрај пожарите во ноќниот клуб „Кис“ во Бразил во 2013 година и „Зе Стејшн“ во американската сојузна држава Род Ајленд во 2003 година, трагичната низа денес неизбежно се надополнува и со трагедијата во Кочани, Македонија, во 2025 година.

— реклама —

Иако се случиле во различни држави и временски периоди, сите овие трагедии ги поврзува иста фатална комбинација: лесно запаливи материјали за акустична изолација, исклучително брзо ширење на огнот и смртоносни токсични гасови кои за само неколку минути го исполнуваат затворениот простор, оставајќи речиси никаква можност за спас.

Според првичните сознанија од истрагата во Швајцарија, пожарот во Кран-Монтана се проширил со огромна брзина, оставајќи им на гостите само неколку мигови за бегство. Истражителите посебно се фокусираат на материјалите користени за звучна и акустична изолација, токму елементот што се најде во срцето на претходните големи катастрофи.

— реклама —

Најпознатиот ваков случај се случи во јануари 2013 година во бразилскиот град Санта Марија, кога во ноќниот клуб „Кис“ загинаа 242 лица, најголем дел млади студенти. Пожарот избувна за време на концерт, откако пиротехнички ефект ја запали акустичната пена на таванот. Огнот се прошири за неколку десетици секунди, но уште пофатални од пламенот беа густите чад и отровните гасови, меѓу кои и цијанидот. Поголемиот дел од жртвите не починаа од изгореници, туку од задушување и труење.

9M9fatvjw2s

Сличен сценарио беше забележан и десет години претходно, во февруари 2003 година, во ноќниот клуб „Зе Стејшн“ во Род Ајленд, САД, каде што загинаа 100 луѓе. И таму, пиротехниката за време на настап на бенд ја запали акустичната пена поставена зад сцената. Снимките од безбедносните камери покажаа дека целиот клуб бил зафатен од оган за помалку од две минути. Отровниот чад, богат со јаглерод моноксид и цијанидни соединенија, ги парализирал посетителите и го оневозможил бегството.

Во истата црна статистика денес влегува и трагедијата во Кочани од 2025 година, каде пожарot во „Пулс“ однесе десетици млади животи. И таму, според досегашните информации, клучна улога имале лесно запаливи внатрешни материјали, брзото ширење на огнот и смртоносниот чад кој за кратко време го исполнил просторот. Како и во другите случаи, паниката, ограничените излези и токсичните гасови се покажаа како комбинација без излез.

nxtKCaGGvlM

Стручњаците со години предупредуваат дека пените кои се користат за звучна изолација, доколку не се изработени од огноотпорни материјали и доколку не се одржуваат согласно строгите стандарди, претставуваат една од најголемите опасности во затворени простори. При согорување, тие не само што брзо се палат, туку испуштаат и исклучително отровни гасови кои можат да предизвикаат губење на свеста за само неколку вдишувања.

Во сите овие трагедии, вклучувајќи ја и онаа во Кран-Монтана, масовната несреќа не била последица само на огнот, туку пред сè на чадот и токсичните испарувања кои за многу кратко време го исполнуваат просторот, оставајќи ги луѓето без можност за бегство, додека во паниката често доаѓа и до стампедо.

Додека швајцарските власти ја продолжуваат истрагата за да го утврдат точниот тек на настаните и евентуалната одговорност, споредбите со Бразил, Соединетите Американски Држави и Македонија уште еднаш укажуваат дека овие трагедии не се изолирани инциденти, туку повторување на одамна познати и предупредувани пропусти. Секој од овие пожари бил проследен со ветувања за построги правила и контроли, но Кран-Монтана, како и Кочани, сведочат дека лекциите од минатото сè уште не се применуваат доследно.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarya1uacrht0aqp4WALTxY

Преживеана во трагедијата во Кран-Монтана: „Инстинктот за преживување ме изнесе надвор“

Свет | пред 5 дена

media-librarysdcs49uqho91fXOoqEd

Дипломатска тензја меѓу Италија и Швајцарија поради ослободувањето на сопственикот на барот со кауција

Свет | пред 6 дена

media-library8d73jmvenr3i7DKssoD

Сопственикот на барот во Кран-Монтана, каде што загинаа 40 лица, пуштен од притвор со кауција

Свет | пред 6 дена

media-librarypuqltqnlbru30qNGriq

Сопственикот на барот што изгоре во Швајцарија ќе биде ослободен по плаќање кауција

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања