Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

(Видео) „Криминалната ВМРО го казни претседателот на СДММ - Трајче затоа што не молчи“, вели Кузмановска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryv5p0k4ull5i5266Yjos

Потпретседателката на Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ), Стефанија Кузмановска, на денешната прес-конференција обвини дека претседателот на организацијата, Трајче Трајковски, бил прераспределен од работното место во Штип во Берово поради неговото јавно политичко делување.

На прес-конференција одржана пред Управата за јавни приходи, Кузмановска оцени дека станува збор за обид за притисок и замолчување на младите кои јавно ги изразуваат своите ставови.

— реклама —

„Трајче е казнет затоа што не молчи. Наместо да се охрабруваат младите да бидат активни и гласни, се испраќа порака дека секој што јавно ќе проговори може да се соочи со последици“, изјави Кузмановска.

Таа посочи дека со прераспределбата Трајковски ќе треба да патува повеќе од 100 километри од местото на живеење до новото работно место.

— реклама —

Од СДММ тврдат дека ваквите постапки претставуваат форма на реваншизам и притисок врз младите луѓе, особено во период кога, според нив, сè повеќе млади ја напуштаат државата.

— реклама —

„Денес е Трајче, утре може да биде кој било млад човек кој ќе одлучи јавно да го каже своето мислење“, порача Кузмановска.

Од младинската организација на СДСМ нагласуваат дека ќе продолжат јавно да ги изнесуваат своите ставови и покрај, како што велат, обидите за притисоци и заплашување.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library5evpbfb9a1i83z5dSdd

Кузмановска: ВМРО и Јаневска им крати стипендии на студенти

Македонија | пред 1 месец

media-library9u1pk7qsi48pfXCIxat

„Криминалната ВМРО удри и по студентите, се намалуваат стипендиите, поскапува сместувањето во студентските домови“, вели Кузмановска

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања