Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) „СДММ е со студентите - Бараме достоинствени услови во домовите и студентски оброк од 200 денари“, вели Кузмановска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-library1gsi1snpfk0g3JXi9Eq

Студентскиот дом „Стив Наумов“ повторно се соочува со сериозни проблеми, и покрај неодамнешната реконструкција. Влага, протекување вода, неисправно греење и недостиг од топла вода се дел од недостатоците на кои укажува претседателката на СДММ, Стефанија Кузмановска, посочувајќи дека последниот проблем е пукањето на бојлер во домот.

— реклама —

На прес-конференција таа праша дали ова се условите од најавуваната А-категорија на студентски домови што ги ветувале министерката Весна Јаневска и премиерот Христијан Мицкоски.

— реклама —

Кузмановска ја критикуваше и одлуката за зголемување на партиципацијата за сместување, која сега изнесува 6.600 денари месечно, иако, според неа, студентите не добиле соодветни услови за живот. Таа посочи дека студентскиот оброк и натаму изнесува 140 денари дневно.

Од СДММ обвинуваат дека со вториот ребаланс на буџетот биле скратени средствата за образование, реконструкција и енергетска ефикасност на студентските домови. Воедно, ја критикуваат Владата поради тоа што сè уште не е зголемен студентскиот оброк.

— реклама —

СДММ бара зголемување на студентскиот оброк на 200 денари дневно, оценувајќи дека тоа е минимален износ за обезбедување пристоен и здрав оброк. Од организацијата порачуваат дека остануваат со студентите и ќе продолжат да бараат подобри услови за сместување и живот во студентските домови.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryv5p0k4ull5i5266Yjos

(Видео) „Криминалната ВМРО го казни претседателот на СДММ - Трајче затоа што не молчи“, вели Кузмановска

Македонија | пред 4 месеци

— реклама —
media-library5evpbfb9a1i83z5dSdd

Кузмановска: ВМРО и Јаневска им крати стипендии на студенти

Македонија | пред 5 месеци

media-library9u1pk7qsi48pfXCIxat

„Криминалната ВМРО удри и по студентите, се намалуваат стипендиите, поскапува сместувањето во студентските домови“, вели Кузмановска

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања