Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

(Видео) „Љубави“ дипломатијата на Пендаровски заврши со вето, но срамот остана - неговата понизност и несериозност ја руши сликата за Македонија, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
pendarovski-696x393

„Стево Пендаровски ја срамеше Македонија во меѓународните односи. Со „љубави“ дипломатијата ја донесе државата до ова дереџе во кое што се наоѓа“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:

— реклама —

— реклама —

Имено на меѓународен настан Пендаровски им пријде на српската премиерка и бугарскиот премиер со „љубави как си? Имаш поздрав од Зоки“. Да не е трагично за државата, би било комично. Ваков речник не приличи ни за муабет во маало, а не на мултилатерален настан. Не е ни чудо што во продолжението на видеото исто како и на неговиот мандат Пендаровски беше игнориран. Додека претседателите и премиерите се борат за своите земји, говорат за стратешки инвестиции, патишта и инфраструктура, Пендаровски стои настрана, ѕирка позади нечие рамо и мисли дека на тој начин некој ќе го забележи.

— реклама —

Ете затоа Македонија во меѓународните односи бележи неуспеси. Со „љубави“ дипломатијата никој не те есапи сериозно. „Љубави“ на крајот заврши со вето, но остана срамот.

— реклама —

Понизноста и несериозноста на Стево Пендаровски ја руши сликата за Македонија, а со тоа тој го погазува достоинството на функцијата, државата и народот. Затоа е време за промени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryaj99k1kr0989awWUisg

Пендаровски ги отфрли обвинувањата за зградата во Влае: Немам никаква деловна поврзаност

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
pendarovski

„Постои опасност партијата да оди кон исчезнување“, Пендаровски со предупредување до раководството на СДСМ

Македонија | пред 7 месеци

media-libraryaj99k1kr0989awWUisg

Уставен суд реагира на изјавата на Пендаровски: Изнесува неточни информации за Законот за употреба на јазиците

Македонија | пред 8 месеци

PRSM-Pendarovski-Chestitka-Ramazan-bajram-23.05.2020

Пендаровски му возврати на Мицкоски: Уставниот суд ги потврди одлуките за вонредната состојба

Македонија | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања