Промени тема
Контакт

(Видео) Љутков за последен пат го отвора „Охридско лето“ како министер, па порача: Девастираната култура за две години ја вративме на траекторијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Настани
media-librarykgm5nog7e7ui7TjIGLK

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, обраќајќи се на свеченото отворање на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“, порача дека културата е темел на идентитетот и дека во изминатите две години биле направени значајни чекори за нејзино обновување.

„Среќен сум што изминативе две години девастираната македонска култура ја вративме на траекторија достојна за една државна културна политика“, истакна Љутков.

Тој нагласи дека културата не смее да биде предмет на импровизации, туку бара визија, трпение и љубов.

„Културата не трпи импровизации. Понекогаш не сме свесни за важноста на културната политика сè додека еден ден не се разбудиме со недостиг што тешко се надоместува. Таа бара визија, трпение и љубов што гледа подалеку од денешниот ден – кон генерациите што допрва доаѓаат“, рече министерот.

— реклама —

Според него, уметноста е универзален јазик преку кој светот го препознава македонскиот дух.

— реклама —

„Секој народ има свој јазик на кој разговара со светот, но постои еден јазик што сите го разбираат без преведувач – тоа е јазикот на уметноста. Преку него светот го чувствува нашиот сензибилитет, ја разбира нашата историја и ја препознава нашата духовност“, нагласи Љутков.

Во своето обраќање тој порача дека идентитетот не се брани со гласни зборови, туку се живее, создава и пренесува како највреден аманет.

— реклама —

Говорот го заврши со порака дека „Охридско лето“ треба и понатаму да остане светилник преку кој светот ќе го препознава македонското културно наследство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryv3ugrg05ue6ifr6GRqp

„Охридско лето“ - 40 дена фестивалска магија, рекордна посетеност и аплаузи за врвната уметност

Охрид | пред 1 месец

— реклама —
media-library2mm50130lomn2glGQOW

„Охридско лето“ со рекордни бројки: Вечерва се спушта завесата на 66. издание

Охрид | пред 1 месец

media-libraryhuapsqe2cojv6WST7Ab

Полска вечер на „Охридско лето“:Уникатно музичко доживување за публиката

Охрид | пред 1 месец

media-library00djv1ijqgso6cPUEtk

Унгарска вечер на „Охридско лето“  со младите и талентирани уметници Ноеми Салаи и Александра Балог

Охрид | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања