Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Медениот месец се претворил во кошмар: Наместо масло, на скарата истуриле керозин, девојка заврши со изгореници на 60 отсто од телото

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-librarybhs92t42r75sfq0Zp4W

Четири лица се уапсени откако девојка била зафатена од пламен додека била со младоженецот на меден месец во Индија.

Младоженецот изјавил дека неискусен член на персоналот, кој им помагал околу скарата во сместувањето каде што престојувале, истурил сад со запалива течност врз неговата сопруга и дека по неколку секунди таа била зафатена од пламен, пишува Hindustan Times.

— реклама —

Инцидентот, наводно, се случил откако на решетката за скара наместо масло за јадење бил истурен керозин, што го разгорело огнот, соопштила полицијата.

„Уапсивме четири лица во врска со овој случај. Се испитува улогата на секој од нив“, навела полицијата.

— реклама —

Меѓу уапсените се сопственикот на пансионот, член на персоналот и лицето кое наводно истурило керозин врз решетката за скара.

— реклама —

Несреќата се случила во недела, на 13 септември, а на снимката од терасата која се шири на социјалните мрежи се гледа експлозија по која избувнува пожар, жената која била зафатена од пламен како се тркала по подот и нејзиниот сопруг како се обидува да ѝ помогне.

Жената се здобила со изгореници на 60 отсто од телесната површина и се наоѓа во критична состојба во болница.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarymbr0603v839oeQjXQyG

(Видео) Хеликоптер со шест лица исчезна од радарот во Индија, се стравува дека се урнал во планина

Свет | пред 12 часа

— реклама —
media-libraryfn04cig9gp76d9NbhHs

(Видео) Најмалку шест загинати во Индија по ударот на циклонот Арнаб

Свет | пред 1 ден

media-libraryqsthnblehgf51E2DxmH

Тежок удар за заштитата на гепардите во Индија: убиен 19-месечен гепард

Свет | пред 2 дена

media-librarym1ekmrkirjcc0QnWqFV

(Видео) Речиси 100.000 луѓе евакуирани во Индија поради силниот циклон Арнаб

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања