Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

(Видео) МЕПСО под СДС и ДУИ склучило договор за набавка на уред за 3 милиони евра поскапо од предвиденото во Планот за развој кој самите го донеле, рече Петрушевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
brane1

„СДС и ДУИ ги злоупотребувале енергетските претпријатија за да испумпаат милиони евра народни пари на сметки на фирми блиски до нив. Денес ќе презентираме фрапантни докази за милионски криминал во МЕПСО, за кој очекува ЈО да отвори случај“, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„МЕПСО под водство на Зуди Енуз, од фронтот на ДУИ, а поставен од СДС, на 26.06.2024 година склучил договор со албанската фирма Шанси Инвест за набавка на уред за корекција на напонски профил на 400kV во трансформаторска станица Дуброво во висина од 576 милиони денари, односно близу 10 милиони евра.

— реклама —

Буџетот за уредот за корекција во Планот за развој на електропреносниот систем на МЕПСО 2021-2030 година изнесува 2.8 милиони евра, истиот уред во договорот склучен со Албанската Шанси Инвест изнесува 5.864 милиони евра. Тоа се цели 3 милиони евра повеќе од предвиденото.

Дополнителнк загрижува фактот што Албанската Шанси Инвест на овој тендер учествува со Далековод АД Загреб, фирма за производство на таквиот вид на опрема, која се јавува како поголем партнер во конзорциумот. Имено се поставува прашањето, која е улогата на Албанската фирма кога опремата доаѓа и е произведена и може да биде монтирана од фирмата производител?

Дали Албанската Шанси инвест е тампон фирма за вадење на профитот од над 3 милиони евра повеќе од планираното?

Каде завршиле 3 милиони евра разлика? Го повикуваме ЈО веднаш да отвори случај и да реагира“, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 1 месец

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 1 месец

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања