Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Министерката за енергетика почна да снима едукативни видеа за лидерство во министерската канцеларија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library6qojgljoeqm03AUrzTl

Министерката за енергетика Сања Божиновска се осврна на значењето на довербата и авторитетот во градењето на вистинско лидерство, нагласувајќи дека самата функција не е доволна за некој да стане лидер.

„Функцијата може да ви наметне одговорност, но не може автоматски да ви даде авторитет. Авторитетот не доаѓа со титулата, туку се заслужува“, порача Божиновска.

— реклама —

Според неа, вистинскиот авторитет се гради преку знаење, доследност, интегритет и подготвеност да се преземе одговорност, дури и тогаш кога резултатите не се одвиваат според очекувањата.

Божиновска посочува дека луѓето не ги следат лидерите затоа што мораат, туку затоа што имаат доверба во нивната работа и одлуки.

— реклама —

„Ве следат кога веруваат дека знаете што правите, кога чувствуваат дека навистина ги слушате и кога гледаат дека одлуките ги носите во заеднички интерес“, вели министерката.

Таа додава дека доброто лидерство подразбира јасна цел, силен тим и личен пример, но и создавање средина во која секој може да придонесе и да се развива.

— реклама —

„Да ги поддржите луѓето да бидат подобри и први да го покажете стандардот што го очекувате од другите“, порача Божиновска.

Како заклучок, таа посочи дека вистинската вредност на еден лидер не се мери според моќта што ја добил со функцијата, туку според довербата што успеал да ја изгради.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarydbesrm0k5p4v4taIfvF

Божиновска на COP31 во Турција: Во фокусот е иднината на македонската енергетика

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-librarybrh5qaqjb2lp2m5qmk2

Гасниот интерконектор со Грција треба да биде готов до средината на 2027 година, со Србија планиран за 2028 година

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryti8utmkkguqj2nfcOMb

Божиновска им се заблагодари на пратениците за интерпелацијата: „Ми дадовте можност да ја претставам нашата работа“

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryp04vb8pqr21deNO7Bob

Божиновска: Соларната енергија е сегашноста, следниот чекор се редот, планот и силната мрежа

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања