Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Најмалку 150 приведени на протест во Истанбул поради апсењата на ЛГБТК+ активисти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-librarylkiu2t5i8jt21ROPm4D

Најмалку 150 лица биле приведени во Истанбул по полициската интервенција на протест пред судот Чаглајан, каде што собраните сакале да изразат незадоволство поради неодамнешните апсења на ЛГБТК+ активисти, објави „Ројтерс“.

Групата се собрала пред зградата на судот за да даде изјава за медиумите, но полицијата го спречила тоа. За време на интервенцијата, демонстрантите извикувале: „Да живее животот и покрај омразата“.

— реклама —

Протестот следува по голема полициска акција против ЛГБТК+ здруженија во неколку турски покраини. Властите операцијата, наречена „Моето семејство е безбедно“, ја оправдуваат со потребата од заштита на децата и семејните вредности.

Во текот на викендот, властите привеле најмалку 26 лица во Истанбул и 21 во Анкара, а биле извршени и претреси во канцелариите на неколку ЛГБТК+ здруженија. Турски суд вчера одредил притвор за 16 лица во западната покраина Измир, соопшти локалното обвинителство.

— реклама —

Министерот за правда Акин Ѓурлек во неделата изјавил дека истрагите, координирани од обвинителствата во Истанбул, Анкара, Измир, Ајдин и Мерсин, опфаќаат 162 осомничени, девет здруженија и 13 компании во 15 покраини.

— реклама —

Властите, исто така, блокирале пристап до интернет-страници и профили на социјалните мрежи на различни ЛГБТК+ здруженија, поединци и независни медиуми, меѓу кои и профилот на турскиот огранок на „Амнести интернешнл“ на платформата „Икс“.

Комесарот за човекови права на Советот на Европа, Мајкл О’Флаерти, изразил загриженост поради апсењата, претресите и ограничувањата на интернетот насочени кон ЛГБТК+ граѓанските организации и активистите.

О’Флаерти порача дека повикувањето на семејните вредности или заштитата на децата само по себе не може да се користи како оправдување за ограничување на човековите права и повика на ослободување на сите лица приведени поради нивниот ангажман во граѓанското општество или во областа на човековите права.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarymf69v352efb9eEtDoZA

Експлозија во рудник во Турција: Двајца загинати, петмина повредени, еден рудар заробен

Свет | пред 4 дена

— реклама —
media-librarygp36cng7f7ccabLAA14

Шест жртви во поплавите во Турција, продолжува потрагата по исчезнатите

Свет | пред 1 седмица

nafta-696x465-1

Турција ќе набавува дизел според спорниот договор меѓу САД и Русија

Свет | пред 1 седмица

media-library1h6g6r9i9054bZZn0Sr

(Видео) Поплавите ја погодија Турција, четири лица загинаа, тројца се водат како исчезнати

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања