Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Напад во Газа: Израел се обиде да го ликвидира воениот командант на Хамас

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-libraryjr1mfu2rjtal5Wd0v2k

Израел во петокот изврши напад во Газа со цел ликвидација на шефот на вооруженото крило на Хамас, Из ал Дин ал Хадад, кого го смета за еден од главните организатори на нападот од 7 октомври 2023 година.

— реклама —

Израелските власти соопштија дека Ал Хадад бил цел на воздушен удар во градот Газа. Тој ја презел командата над военото крило на Хамас по ликвидацијата на Мохамед Синвар во мај 2025 година.

— реклама —

Во заедничко соопштение, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Израел Кац навеле дека Ал Хадад е одговорен за убиства, киднапирања и напади врз израелски цивили и војници.

— реклама —

Засега нема официјална потврда дали тој загинал во нападот, а Хамас не се огласи за случајот.

Според болнички извори и сведоци од Газа, нападот погодил стан во населбата Римал, при што загинало најмалку едно лице, а неколку други биле повредени.

— реклама —

Кратко по првиот напад, израелски авион погодил и возило во близина на местото на експлозијата. За евентуални жртви во вториот напад засега нема информации.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycak8udcnlp4o9DsKbLB

Трамп ја прекинува воената помош за Израел: „Доволно се богати сами да си купуваат оружје“

Свет | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Израел: Мисијата во Иран не е завршена, подготвени сме за сите сценарија

Свет | пред 4 дена

Screenshot-2025-06-16-at-11.35.28

Израел се заканува со нови воени операции против Иран: „Мисијата сè уште не е завршена“

Свет | пред 4 дена

netanjahu

Крај на ерата на Нетанјаху? 67 пратеници го поддржаа неговиот ривал

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања