Промени тема
Контакт

(Видео) Необична сцена на Шар Планина: Две срниња накратко им притрчале на вработените во НП Шар Планина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryacdmhj0f0dn894u1CsN

При редовна теренска обиколка, вработени во Националниот парк Шар Планина имале несекојдневна средба со две мали срниња, кои накратко им притрчале пред повторно да се вратат во шумата.

Од Националниот парк информираат дека станува збор за многу млади срни, најверојатно стари само неколку недели, што може да се забележи по нивните карактеристични бели дамки.

„Тие накратко се стрчаа кон нас, веројатно во потрага по својата мајка, а потоа мирно се вратија во шумата“, велат од паркот.

— реклама —

Оттаму појаснуваат дека иако однесувањето на младенчињата понекогаш може да изгледа збунувачки, тие најчесто не се напуштени, бидејќи мајката обично се наоѓа во близина и периодично се враќа за да ги дои и заштити.

Според проценките на вработените, срнињата биле во добра здравствена состојба, без видливи знаци на повреди или дехидрација, поради што биле оставени во нивното природно живеалиште.

— реклама —

Од Националниот парк упатуваат и апел до посетителите на планината да не ги допираат, преместуваат или земаат со себе младенчињата од дивите животни.

— реклама —

„Најголемата помош што можете да им ја дадете е да им обезбедите мир и да ѝ дозволите на природата да го следи својот тек“, порачуваат од паркот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

sar-planina-2

Продолжена забраната за движење на Шар Планина поради опасност од пожари: Ќе трае до 30 септември

Македонија | пред 4 часа

sar-planina

По голема потрага, пронајдена исчезнатата Бугарка на Шар Планина

Македонија | пред 23 часа

media-libraryg9g003g5e052cDjp05t

(Фото) Сред лето падна снег на Шар Планина

Македонија | пред 1 месец

media-library75384cj14lbs2AFh8SW

(Видео) Изгребаните дрвја на Шар Планина се „потпис“ на мечките - националниот парк сподели снимка

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања