Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Видео) Николовски: Откупните цени на тутунот се пониски од ланските, СДСМ поднесе закон за 100 денари линеарна субвенција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
tutun20prilep-2

Откупните цени на тутунот оваа година се пониски од ланските и токму затоа пратеничката група на СДСМ достави законско решение за 100 денари линеарна субвенција за тутунарите за сите класи, рече пратеникот на СДСМ Љупчо Николовски во одговор на новинарско прашање.

— реклама —

- Ако минатата година добиле по 460 денари по килограм оваа година просекот ќе биде околу 350 денари по килограм. Токму затоа пратеничката група на СДСМ достави предлог законско решение со коешто бараме линеарно за секој откупен килограм тутун а производителите да добијат субвенција се со цел да ги минат предизвиците којшто ги имаа во текот на оваа година заради тоа што има и намалено производство но и нема зголемување на откупната цена како што беше ветено од страна на ВМРО-ДПМНЕ и од актуелната влада. Тоа значи дека тутунопроизводителите се изманипулирани дека не се цени нивниот труд и дека нема конкретни мерки за поддршка којшто воопшто не ги гледаме ниту во предлог буџетот за 2025 г. Денеска гледаме дека нема зголемена откупна цена дека имаме процена на тутунот по класи каде што ќе имаме и пониски откупни цени за одредени категории на тутун имаме и пониска, односно намалена субвенција, што значи намален доход и приход на земјоделците. Токму затоа сметаме дека она што минимум треба да го направиме е 100 денари линеарна субвенција за секој еден откупен тутун кон сите тутунопроизводители, рече Николовски.

— реклама —

— реклама —

Тој потсети на мерките на СДСМ кои придонесоа за рекордно највисоки откупни цени на тутунот минатата година но и на манипулациите на актуелната власт и министерот Трипуновски.

- СДСМ минатата година ја зголеми субвенцијата на 100 денари по килограм на откупен тутун. Минатат година актуелниот министер за земјоделство ветуваше дека и откупната цена на тутунот по килограм треба да биде 600 денари, 560 денари итн. притоа заборавајќи дека тутунопроизводителите многу добро се сеќаваат на времето во претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ кога откупната цена беше и 120 и 130 денар. Со заеднички разговори, со мудри политики и со многу работа успеавме да се зголемуваат субвенциите и тие да достигнат 100 денари по килограм за откупен тутун, но и да се зголемува откупната цена на тутунот. Така што минатата година просечната откупна цена беше 360 денари, а дополнителната субвенција беше 100 денари што значи околу 460 денари по килограм за секој откупен тутун и за секој тутунопроизводител. Што е тоа што го имаме како ветување и слика оваа година којашто е особено тешка за тутунопроизводителите. Имаме намалување на субвенцијата од 100 на 80 денари, имаме договорена на некој начин цена од околу 370 денари меѓутоа за прва класа и процена на тутунот по класи, што значи ако земеме во просек дека најголем дел од производството е втора класа ќе биде значајно понизок откупот, односно над 300 денари ќе биде втора класа. На втора класа се воведуваат субвенции од 70 денари што значи дека многу далеку се тутунопроизводителите од достигнување на приходот којшто го имале минатата година. Ако минатата година добиле по 460 денари по килограм оваа година просекот ќе биде околу 350 денари по килограм, рече пратеникот на СДСМ, Љупчо Николовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarydfsnh8fo9kgp56JNiBc

Власта вклучува фирма од „црната листа“ на САД во енергетски бизнис, вели Димитријевиќ

Македонија | пред 32 минути

media-libraryg16a1eca1pu85Xs2wiA

Кузеска: Предавникот Мицкоски сака децениска изолација за свои лични профити

Македонија | пред 3 часа

media-libraryo24bhk258c1n5HlTdkk

СДСМ Аеродром: Митески и Ѓорѓиевски итно да го решат проблемот со паркирањето во Ново Лисиче

Скопје | пред 5 часа

media-libraryfemrtp18rd3ffuuIP2L

СДСМ: Предавникот Мицкоски отиде кај пријателот Орбан да преговара за Груевски

Македонија | пред 6 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања