Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

(Видео) Објавена снимка од пукањето во Куманово – маскирано лице вперува пиштол во автомобилот управуван од докторот кој сега се бори за живот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Настани
media-libraryss1ti5uvnqtndRvfcPR

На социјалните мрежи се појави снимка од безбедносни камери на која се гледа моментот од денешното пукање во Куманово, кога непознато маскирано лице со пиштол пукало кон автомобил „Фолксваген голф“ во движење.

— реклама —

На видеото, снимено од надзорна камера поставена на околна зграда, се гледа како вооруженото лице стои покрај улицата, го забележува возилото кое се приближува и вперува пиштол директно кон него, испукувајќи неколку куршуми. По ова бега.

Според првичните информации, три куршуми завршиле во шофершајбната на возилото. Возачот, 43-годишен доктор од село Слупчане, општина Липково, е тешко повреден и со итна медицинска помош бил пренесен во кумановската болница.

— реклама —

Инцидентот се случи денеска околу 13:54 часот, на крстосницата меѓу улиците „Димитрие Туцовиќ“ и „11 Октомври“ во Куманово.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека полициски екипи веднаш излегле на терен, обезбедено е местото на настанот и се преземаат интензивни мерки за пронаоѓање на напаѓачот и целосно расчистување на случајот.

Од Основното јавно обвинителство Куманово потврдија дека двајца јавни обвинители излегле на лице место и се прибираат траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење.

– „Во пукањето е повредено едно лице, а по напаѓачот се трага. Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви, но сите околности се проверуваат“, соопштија од Обвинителството.

Случајот предизвика вознемиреност кај жителите на Куманово, особено бидејќи пукањето се случило среде бел ден и на фреквентна локација, во близина на продавници и кафулиња.

Полициската истрага е во тек.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library70onucsur0ttd8FL6NO

Деветмина убиени во пукање во училиште во Канада, најмалку 25 ранети

Свет | пред 1 месец

Rusija-ruska-policija-1-620x350

Малолетник пукаше со воздушна пушка во руска школа

Свет | пред 1 месец

policija-germanija

Убиен маж во пукање во Дортмунд: Полицијата пронајде над 20 чаури

Свет | пред 1 месец

Screenshot-2021-09-18-at-16.32.03

Пукање во Австралија: Тројца загинати, едно лице тешко повредено

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања