Промени тема
Контакт

(Видео) Од дива депонија ќе изградиме мега-парк од 72.000 квадратни метри, најави Ѓорѓиевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
media-librarym3juphbte2pl2nUsBA6

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави изградба на мега-парк на површина од 72.000 квадратни метри на локација во Карпош, која, како што посочи, со години била запуштена и претворена во дива депонија.

Според него, просторот што долго време бил симбол на негрижа и неодржување ќе биде целосно преуреден во модерен зелен парк со бројни содржини за граѓаните.

— реклама —

„Она што со години беше претворено во дива депонија, денес го претвораме во огромен мега-парк. Наместо запуштен простор, ќе создадеме место за живот, рекреација и дружење“, истакна Ѓорѓиевски.

— реклама —

Тој најави дека мега-паркот ќе биде хортикултурно уреден и ќе содржи парк за домашни миленици, детски игралишта, спортски центар, велосипедски полигон, урбана опрема и други содржини наменети за посетители од сите возрасти.

Ѓорѓиевски оцени дека новиот парк ќе претставува „новите бели дробови на Скопје“, каде што граѓаните ќе можат да го поминуваат слободното време во уредена и зелена средина.

— реклама —

„Од дива депонија до мега-парк, од запуштен простор до нов симбол на Карпош – ова е уште еден чекор кон подобро и позелено Скопје“, порача градоначалникот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryl40ullnok8uedRGqflf

Карпош добива нов мега парк од 86.000 квадратни метри, поранешната депонија е исчистена

Скопје | пред 3 дена

— реклама —
media-libraryucb532pau795f3jDTOg

Есенска дератизација во Карпош

Скопје | пред 4 дена

media-libraryu48mllqbon427ORX4TM

Спортски спектакл во Карпош: „Мега лифтови“ шампион на меморијалниот турнир во мал фудбал „Сокол 2026“

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryo25u93elc9i6fyFbCHm

Вандализирано детското игралиште во Карпош 1, оштетени реквизити и урбана опрема

Скопје | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања