Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Огнената стихија не запира: Во Белгија изгореа 3.000 хектари, повторно избувнаа нови жаришта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryh7j8c58v21p22leVhJp

Ситуацијата со големиот шумски пожар во источна Белгија повторно се влошила откако во текот на ноќта избувнале нови жаришта во природниот резерват Високи Фени. Досега огнот уништил околу 3.000 хектари, а силното невреме дополнително им ја отежнало работата на пожарникарите.

И покрај тешките услови, пожарникарските екипи во текот на ноќта морале да интервенираат на голем број повторно активирани жаришта, особено во источниот дел од погоденото подрачје. Намалената видливост, паднатите дрвја, калта и непристапните патишта значително го отежнувале движењето и гаснењето.

— реклама —

На терен се ангажирани нешто помалку од 200 пожарникари од Фландрија, Валонија, Брисел и Германија. Германските екипи од денес постепено ќе се повлекуваат, додека земјоделците кои доброволно помагаа во гаснењето во изминатите денови ќе продолжат да бидат ангажирани.

— реклама —

Штом временските услови дозволат, над подрачјето ќе бидат испратени дронови за да се добие прецизна слика за распространетоста на пожарот и да се утврдат зоните каде што интервенцијата е најитна.

— реклама —

Во гаснењето учествуваат и хеликоптери и авиони испратени од Холандија, Германија, Норвешка и Шведска.

Пожарот веќе доведе до евакуација на делови од германскиот пограничен град Моншау. Во Белгија и натаму е во сила евакуацијата на населените места Лајкаул и Кихелшајд во општината Битгенбах.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb4bbeqlpjvl50Tc27kd

Студентските протести во Белгија ескалираа: Пожари, искршени излози и над 100 уапсени

Свет | пред 2 седмици

— реклама —
toplo-vreme-768x556

Топлотните бранови однесоа 2.935 животи во Белгија: Смртноста зголемена за 22,6 отсто

Свет | пред 1 месец

media-librarymtf843vn3uvk1hbgigK

„Кој е најголемиот губитник на Белгија?“: Американскиот амбасадор го исмеваше министерот, повикан на разговор

Свет | пред 1 месец

media-library385mvb3fgt0dakb6wxr

По седум дена борба, ставен под контрола пожарот во Белгија

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања