Промени тема
Контакт

(Видео) „Опасноста сè уште не е завршена“: Нивото на морето се зголеми за најмалку 2,5 метри по ударот на ураганот, погледнете ја снимката

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2024-10-10-at-13.23.48

Зголемувањето на нивото на морето често е најопасниот дел од ураганот, а тоа беше забележано и кога Милтон ја погоди Флорида. Тоа е „воден ѕид“ што ураганските ветрови го фрлаат на копно и може да предизвикаат катастрофални поплави, особено кога се комбинираат со екстремни врнежи.

Ураганот Милтон моментално се оддалечува од источниот брег на Флорида кон Атлантикот, но тешко е да се процени колку навистина е зголемено нивото на морето. Официјални места за мерења има малку и ситуацијата е се уште премногу опасна за да се добијат нови податоци.

Сепак, Weather Channel известува за бранови од 2,5 метри во близина на Сарасота и бранови од 1-2 метри јужно од Неапол до Порт Шарлот.

Морето најмногу се издигна на југ од точката каде што ураганот ја погоди копното, додека на север, во заливот Тампа, нивото на морето падна бидејќи ветровите се развиваа од копно кон морето, а не обратно, како очекувано.

— реклама —

— реклама —

Тоа значи дека нивото на водата всушност паднало за околу метар и половина, а очевидци велат дека заливот бил испразнет од вода.

Во некои области на Флорида наврнале дури 45 мм дожд на метар квадратен. Предупредувањата за пораст на нивото на морето сè уште се во сила од источна и централна Флорида на север до јужна Џорџија.

— реклама —

Заканата од поплави во Тампа е присутна и утрово, иако градот го избегна најтешкото невреме, изјави градоначалничката на брифингот.

„Не е готово. Во 7 часот наутро кога ќе дојде плимата, реките ќе го поплават целиот округ Хилсборо, а не само градот Тампа“, изјави градоначалничката Џејн Кастор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

policija-sad

Флорида денеска ќе го изврши 13-тото погубување годинава, осуден за убиство на сопругата и обид за убиство на нејзината мајка

Свет | пред 1 седмица

media-library0pit97jfdsq9fufWdge

Убиен пред своето двегодишно дете: Во Флорида почна судењето за нарачаното убиство на менаџерот на „Мајкрософт“

Свет | пред 1 седмица

media-librarye7a4nlcs8d25dc2E6oR

(Видео) Голем шумски пожар беснее на Флорида, наредени итни евакуации

Свет | пред 3 месеци

media-libraryd5t6rtrvq2pieINkyl7

Флорида: По грешка во клиника за ин витро, пар добил дете од друг ембрион

Свет | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања