Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Оштетена палатата Голестан во Техеран

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
media-librarysmeciftdccs07Zb9mRC

Делови од палатата Голестан, единствениот споменик на светско наследство на УНЕСКО во главниот град на Иран, биле оштетени во воздушен напад изведен од САД и Израел во ноќта кон понеделник, објавила иранската влада.

Оштетени се делови од палатата, вклучувајќи дрвени врати, традиционални персиски прозорци наречени орси и делови со украсни огледала. Штетата ја потврдил и министерот за културно наследство, туризам и ракотворби Сеид Реза Салехи Амири за време на посетата на 2 март 2026 година.

— реклама —
— реклама —

Министерот најавил дека ќе се изработи извештај за инцидентот кој ќе се поднесе до УНЕСКО, истакнувајќи дека нападот претставува кршење на меѓународното право.

Музејските артефакти од палатата Голестан не се оштетени, бидејќи претходно биле пренесени на безбедна локација, по дванаесетдневниот конфликт во јануари годинава.

— реклама —

Палатата Голестан е историски комплекс на згради и градини, чија изградба датира од времето на владеењето на шахот Тахмасп I од династијата Сафавиди. За време на периодот Занд, кратко служела како резиденција на Карим Кан, а во времето на династијата Каджар била значително проширена како дом на кралското семејство во новата престолнина.

— реклама —

Во времето на Пахлави, палатата се користела за официјални церемонии и приеми на претседатели и угледни странски гости. На списокот на светското наследство на УНЕСКО е внесена во јули 2013 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

tramp-iran

Иран му постави „црвени линии“ на Трамп: Подготвен е за договор, но бара гаранции

Свет | пред 10 часа

— реклама —
media-librarylbc8fiscfaqlcMv63FH

Нов бран напади на Блискиот Исток: Иран ги гаѓа американските бази, САД возвратија со напад

Свет | пред 3 дена

media-libraryngcrvfoeij4ibOFEDxF

Иран сè уште располага со до 2.500 балистички ракети и покрај американските и израелските напади

Свет | пред 6 дена

media-librarymqmoqndcrmt5djuxiZl

Експлозии и сирени во Бахреин, Иран тврди дека нападнал американска воена база

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања