Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Паника на пистата во Њу Делхи: се запалил мотор на авион на „Свис ер“, патниците евакуирани, шест повредени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-library1hclbs5j5024cQoGQ5V

Шест патници се повредени откако се запалил еден од моторите на авион на авиокомпанијата „Свис ер“ при полетување од аеродромот „Индира Ганди“ во Њу Делхи, на лет кон Цирих. Инцидентот се случил денеска, по што е спроведена итна евакуација.

— реклама —
— реклама —

Според првичните информации, откажал еден мотор и избувнал пожар додека авионот забрзувал на пистата. Екипажот веднаш го прекинал обидот за полетување и започнал постапка за итно извлекување на патниците од леталото.

— реклама —

Во авионот имало 232 патници, меѓу кои и четири бебиња, како и членовите на екипажот. Летот се подготвувал за полетување околу 1:08 часот по полноќ, кога дошло до дефектот, по што патниците биле евакуирани, а повредените префрлени на лекарска помош.

— реклама —

Снимки од настанот брзо се појавија на социјалните мрежи, прикажувајќи го моментот на евакуација и реакцијата на службите на аеродромот. Причините за дефектот и точните околности на пожарот се предмет на понатамошни проверки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

cigari

Запалил цигара во авион пред полетување, па бил исфрлен од летот

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryd1ssf900d8r6dpQadFk

United Airlines забранува резервации на авионски билети преку ВИ-агенти

Патувања | пред 1 седмица

media-libraryd1ssf900d8r6dpQadFk

(Видео) Два aвиона за малку ќе се судреа над Лос Анџелес

Свет | пред 1 седмица

media-librarysl4dfk8ri8716HAFtFf

Авион на летот Даблин–Рим принудно слетал во Франција поради дојава за бомба

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања