Промени тема
Контакт

(Видео) Паника во Бејрут: Илјадници жители бегаат пред најавените израелски напади

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryot0agfd11mjg8EMzpts

Главниот град на Либан утрово се соочува со хаотична состојба, откако илјадници жители почнаа масовно да ги напуштаат јужните предградија на Бејрут во пресрет на најавените израелски воздушни напади.

Според локалните извештаи, на сообраќајниците се формирале километарски колони и големи сообраќајни застои, додека граѓаните во паника се обидуваат да се евакуираат од подрачјата што би можеле да бидат цел на израелската армија.

Слични сцени беа забележани и на почетокот на март, кога Израел ја започна најновата офанзива против Хезболах.

— реклама —

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно нареди воздушни напади врз Бејрут, наведувајќи дека тие претставуваат одговор на, како што рече, „повторените и континуирани прекршувања на примирјето од страна на терористичката организација Хезболах“.

— реклама —

И покрај формално прогласениот прекин на огнот, израелските сили во последните денови значително ги проширија воените операции во Либан. Според достапните информации, новите наредби за евакуација што ги издава израелската армија веќе опфаќаат околу 15 проценти од територијата на Либан.

Засега нема официјални податоци за евентуални жртви или материјални штети, додека меѓународната заедница со загриженост ја следи ескалацијата на тензиите во регионот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryqf2ukouufkoq3tNGr7G

Либан доби нова воена опрема од Грција

Свет | пред 22 часа

media-libraryvq8bv6u1lot5afQviGl

Ескалација на југот на Либан: Загинаа двајца израелски војници

Свет | пред 3 седмици

11-izrael

Либан и Израел започнуваат нова рунда мировни преговори во Рим

Свет | пред 3 седмици

napad-liban

Либан и Израел започнаа нов круг преговори во Вашингтон

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања