Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

(Видео) „Пе*ер“, „Психопат“, „Диктатор“: Вучиќ со нов предизборен спот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryaoiv1mpn0jju0vzxPaL

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави нов предизборен спот за претстојните парламентарни избори. Во видеото на необичен начин се осврнува на навредите и обвинувањата кои, како што тврди, му ги упатуваат политичките противници и критичарите.

Во спотот Вучиќ е облечен во едноставна црна маица, додека непознати лица му лепат медицински фластери на градите.

— реклама —

На секој од нив е испишана по една навреда или обвинување, меѓу кои „издајник“, „монструм“, „луд“, „манипулатор“, „психопат“, „диктатор“ и „геноцид“.

— реклама —

Во обраќањето Вучиќ вели:

„Сето ова може да изгледа како кошмар, но не е. Ова е нашата реалност. Со години слушам навреди, лаги и закани. Некои зборови болат, некои оставаат трага. Но, не нè запреа. Нè научија повеќе да работиме, повеќе да се бориме и да не се откажеме од она што најмногу го сакаме – од нашата Србија.“

— реклама —

Додека Вучиќ зборува, фластерите еден по еден се отстрануваат од неговите гради.

— реклама —

Последниот фластер што го отстрануваат носи натпис „злосторници“. На негово место на крајот му лепат нов, значително поголем и чист фластер, на кој пишува „обединета Србија“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryv9qvjv1lf90097kQbs8

Вучиќ: Бесмислено е СНС да учествува на претседателските избори во овие услови

Балкан | пред 22 часа

— реклама —
media-librarynfpg7brpcusm8NzklcQ

„Вие сте сликата на мојот пораз“: Вучиќ се скара со пратеник во парламентот

Балкан | пред 3 дена

media-library92amidutjmj865s26Ra

Вучиќ: Или ќе се обидат да ме убијат, да ме уапсат или да донесат закон за лустрација

Балкан | пред 3 дена

media-librarylmjecmbt8ir4bcI9As9

Вучиќ повика да се гласа за Раденовиќ: Има повеќе научни трудови од сите 250 пратеници заедно

Балкан | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања