„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Видео) Петрушевски: Раководството на МЕПСО од СДС и ДУИ дозволило промена на договор за набавка од 10 милиони евра, за фактурите да му ги доставува тампон фирма, а не производителот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
petrushevski1-1

„Раководството на МЕПСО од СДС и ДУИ при набавката на уредот за корекција на високонапонски профил од скоро 10 милиони евра инфлагранти исцртале шема како ги испумпувале парите. На вчерашната прескоференција кажавме дека претпријатието Далековод АД од Загреб само можело да се јави на тендер и да го добие, истото немало потреба од Албанската фирма параван за испумпување на парите“, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Дали МЕПСО под раководство на СДС и ДУИ ја поставиле Шанси инвест од Албанија како фирма од која тие требало да ги поделат провизиите?

— реклама —

МЕПСО кое доставило модел договор до добавувачите и барало тој да биде претходно прифатен, откако Далековод АД Загреб го добива тендерот дозволува измена и дополнување на договорот.

Во чл.9 од договорот е дополнето дека доставувач на фактурите ќе биде Шанси инвест од Албанија, а не Далековод АД Загреб, кој всушност е и производител на опремата. Дополнително наведено е дека Шанси инвест ќе биде доставувач на авансната и сите други фактури до МЕПСО.

И студент од прва година правен или економски факултет ќе сфати дека Шанси инвест до МЕПСО доставува фактура, си ја наплаќа провизијата, а потоа му исплаќа на производителот Далековод АД Загреб за опремата.

Го повикуваме ЈО да отвори случај. Далековод АД Загреб можел сам да се јави на тендерот, зошто не го сторил тоа и дали за тоа бил уценет и од кого?

ЈО мора да го истражи овој случај. Утре продолжуваме со нови детали за оваа скандалозна набавка“, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 2 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања