Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

(Видео) По силното невреме, Ѓорѓиевски најави целоноќно расчистување на Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Скопје
media-libraryrook3of99ateaw68AHU

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, по силното невреме што попладнево го зафати главниот град, соопшти дека сите надлежни градски служби веднаш биле мобилизирани и излегле на терен за расчистување на последиците.

Тој посочи дека, иако природните непогоди не можат да се спречат, институциите реагирале брзо, организирано и навремено.

— реклама —

„Скопје денес го зафати силно невреме со бурни налети на ветер. Природата не можеме да ја спречиме, но реагиравме брзо, организирано, навремено и одговорно“, напиша Ѓорѓиевски.

— реклама —

Според него, екипите на градските јавни претпријатија веднаш започнале со расчистување на паднатите дрвја и гранки, а главните сообраќајници веќе се проодни.

„Екипите на градските јавни претпријатија веднаш излегоа на терен – булеварите се проодни, а паднатите дрвја и гранки интензивно се расчистуваат. Ќе бидеме будни и на терен во текот на целата ноќ. Скопје нема да остане само ниту во најтешките моменти“, порача Ѓорѓиевски.

— реклама —

По невремето, повеќе градски служби продолжуваат со расчистување на штетите, а надлежните институции и понатаму апелираат граѓаните да бидат внимателни и да избегнуваат движење во близина на оштетени дрвја и нестабилна инфраструктура.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library69lsqvf0l6bh1e8vlp7

(Видео) Снимки од Градски парк сведочат за разорното невреме што го погоди Скопје: Огромни дрвја откорнати од корен

Скопје | пред 2 седмици

media-librarycp3pdq5kdggo6xM4Ubk

Следуваат инспекции на објектите чии кровови летнаа во невремето, ќе се формираат и комисии за процена на штетите

Скопје | пред 2 седмици

media-libraryrbiqm3bvl7g64CJVoUv

(Фото) Невремето остави белег на часовникот на Музејот на Град Скопје, симболот што 62 години покажува 5:17

Скопје | пред 2 седмици

media-librarykihe5v08hu7ofyE4KYh

Скопските болници се полни по невремето: 33 повредени, двајца хоспитализирани

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања