Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заедно со градоначалникот на Тетово Билал Касами, министерката за образование Весна Јаневска денеска присуствуваа на свеченото пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“ во Општина Тетово.
Пред министерката Јаневска да даде изјава за медиумите, еден од новинарите ја праша дали си земала преведувач.
„Не“, одговори Јаневска.
На забелешката дека претходно ѝ било укажано да понесе преведувач при посета на Тетово, министерката возврати:
„Не ми треба. Јас не знам кому му треба преведувач за во Македонија да знае македонски јазик“, додаде Јаневска.
Претходно, при посета на Тетово од страна на новинарите и беше посочено на министерката да си земе преведувач на што таа одговори дека во Македонија има еден службен јазик и не треба да има преведувач.
(Видео) Јаневска во конфликт со новинар откако и кажа да си носи преведувач на албански: Во Македонија има еден службен јазик!
Во текот на изјавите пред јавната дебата за предлог Законот за високо образование во Тетово, министерката за образование и наука Весна Јаневска повторно се објаснуваше околу употребата на јазиците. На новинарско прашање дали мисли дека е подобро наредниот пат кога ќе дојде во Тетово да си земе преведувач на албански јазик, Јаневска одговори дека во Македонија има еден службен јазик и не треба да има преведувач.Во Македонија има еден службен јазик и уште еден што го зборуваат заедниците. Јас се н
Настани | пред 3 месеци