Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

ЗНМ реагира за комуникацијата со Јаневска со „ти рековме”: Прекршени се етичките стандарди во случајот со новинарот во Тетово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-library59pnidr2ak188CNpr7I

Советот на честа при ЗНМ реагира за настапот на новинарот Невриј Адеми на прес-конференција со министерката Весна Јаневска, оценувајќи дека тонот и комуникацијата не се во согласност со професионалните и етичките стандарди, повикувајќи се на член 15 од Кодексот. Тие предупредуваат дека ваквите случаи ја нарушуваат довербата во медиумите и јавниот дијалог, апелираат на култура на комуникација и взаемна почит, и потсетуваат дека институциите мора да обезбедат услови за работа. Случајот да не се користи политички или етнички, а Советот ќе продолжи да следи и реагира.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Советот на честа при Здружението на новинари на Македонија реагираше за случајот со новинарот Невриј Адеми, оценувајќи дека начинот на комуникација на прес-конференцијата со министерката за образование и наука Весна Јаневска не соодветствува со професионалните стандарди.

— реклама —

„Правото на слободно поставување прашања и критичко известување на новинарите е неотуѓиво и суштинско за функционирањето на едно демократско општество, но ова право подразбира и обврска за доследно почитување на професионалните и етичките стандарди, што не беше случај со последниот настан поврзан со однесувањето на новинарот Невриј Адеми на прес конференцијата на министерката за образование и наука Весна Јаневска во Тетово, случај што Советот на честа при ЗНМ внимателно го следеше и кој истиот отвори јавна дебата во медиумскиот простор“, се наведува во реакцијата.

— реклама —

Од Советот потсетуваат дека улогата на новинарите како носители на јавниот интерес подразбира одговорност и почитување на етичките норми.

— реклама —

„Имајќи ја предвид улогата на новинарите како носители на јавниот интерес и чувари на демократските вредности, Советот потсетува дека ова право подразбира и обврска за доследно почитување на професионалните и етичките стандарди“, посочуваат од таму.

Според нив, конкретниот настап не бил во согласност со Кодексот на новинарите.

„Во конкретниот случај, Советот цени дека начинот на комуникација и тонот на обраќање на новинарот не соодветствуваат со принципите на достоинствен и професионален јавен дискурс. Конкретно, членот 15 од Кодексот на новинарите, вели дека новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката, а непримерната комуникација со јавноста е неспојлива со новинарската професија“, стои во соопштението.

Советот нагласува дека ваквите случаи ја нарушуваат довербата во медиумите и јавниот дијалог.

„Советот на честа нагласува дека ваквите случаи не придонесуваат за унапредување на довербата во медиумите, ниту за квалитетен јавен дијалог. Оттука, упатуваме апел до сите новинари и медиумски работници да се придржуваат кон највисоките професионални стандарди, да ја негуваат културата на комуникација и да придонесуваат кон градење на взаемна почит во јавниот простор“, додаваат.

Воедно, се посочува дека почитта мора да биде двонасочна, а институциите имаат обврска да обезбедат услови за работа на новинарите.

„Воедно, Советот потсетува дека почитта во односите меѓу носителите на јавни функции и медиумите треба да биде двонасочна, при што институциите имаат обврска да обезбедат услови за непречена и професионална работа на новинарите. Во таа насока, советот укажува и дека овој случај не смее да се користи за дневнополитички цели, ниту за создавање дополнителни тензии и погрешни интерпретации во етнички контекст“, се наведува.

Советот најавува дека ќе продолжи да ги следи ваквите случаи и да реагира во насока на заштита на етичките стандарди.

„Советот на честа ќе продолжи да ги следи ваквите случаи и, согласно своите надлежности, да реагира во насока на заштита и унапредување на етичките стандарди во новинарството“, стои во реакцијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library3lkuf0r6iacm9m9jZuI

Владата со остра реакција за односот на новинар кој министерката Јаневска: Слободата не е изговор за некултура

Македонија | пред 23 часа

media-library4eul2o4m40ot1CG6QNz

„Ако некој одлучил да прави естрада и циркузант од себе дозволете му“, рече Мицкоски за инцидентот со новинарот и Јаневска

Македонија | пред 1 ден

media-libraryfecvb73uh4k2aThOYuT

„Ти кажавме да си земеш преведувач“ кон министерката Јаневска - однесување што ја „тресе“ фелата

Македонија | пред 1 ден

media-library3lkuf0r6iacm9m9jZuI

(Видео) По вторпат на министерката Јаневска новинар и бара да шета со преведувач за да може да ја прашува

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања