При денешната прес-конференција новинарите го прашаа премиерот Христијан Мицкоски за неговиот коментар во врска со вчерашната изјава на новинар кој по втор пат и порача на министерката за образование Весна Јаневска, кога доаѓа во Тетово да земе преведувач. Мицкоски одговори дека понекогаш е подобро да се премолчи, бидејќи некои луѓе и не заслужуваат да бидат коментирани.
„Понекогаш тоаш то нема коментар не значи дека некој нешто заборавил да коментира, туку едноставно некои луѓе и не заслужуваат да бидат коментирани затоа што ако некој одлучил да прави естрада и циркузант од себе дозволете му, сите можат да го видат и да го слушнат. Така да подобро да премолчите отколку да влезете во таа естрада“, изјави Мицкоски.
(Видео) По вторпат на министерката Јаневска новинар и бара да шета со преведувач за да може да ја прашува
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заедно со градоначалникот на Тетово Билал Касами, министерката за образование Весна Јаневска денеска присуствуваа на свеченото пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“ во Општина Тетово.Пред министерката Јаневска да даде изјава за медиумите, еден од новинарите ја праша дали си земала преведувач.„Не“, одговори Јаневска.На забелешката дека претходно ѝ било укажано да понесе преведувач при пос
Македонија | пред 2 месеци