Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Посетата на Фон дер Лајен беше прилика Владата да ја презентира стратегијата за излез но тоа не се случи, вели Кузеска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
mickoski-lajen-1-1

„Посетата на Претседателката на Европската комисија Фон дер Лајен беше прилика Владата, конечно, да ја презентира стратегијата за излез од сегашните позиции и отварање на кластерите со што можеме да фатиме чекор со Албанија. За жал, тоа не го направија“, рече Богданка Кузеска - портпаролка на СДСМ.

— реклама —

„Од друга страна, пораките на Фон дер Лајен беа јасни, како за уставните измени така и за коридорот 8. Ја повикуваме владата на одговорно однесување, да не ги толкуваат туку спроведуваат пораките во интерес на граѓаните. Сите други толкувања кои власта се обидува да ги наметне се замајување на јавноста на штета на напредокот на државата.

— реклама —

Стратегијата треба да ни биде да стекнуваме поддршка во Брисел и кај државите членки, а не да се измислуваат изговори кои се само за внатрешна политичка употреба. Тоа не го решава проблемот туку го одлага.

Истовремено, конфузни се и изјавите на партнерите на Мицкоски во Владата. Од една страна Таравари вели дека пораките се јасни од ЕУ и дека нема можност за измени, но од друга страна Муртезани тврди дека има поддршка од земји членки за ставот за одложено дејство на уставните измени.

— реклама —

Прашањето е, ќе се консолидира ли конечно владиниот тим или ќе продолжиме да живееме во паралелен свет, а државата да ја водат паралелни влади? Ова е сериозен проблем кој ја држи земјата и граѓаните во заложништо и хаос кој го создава Владата на Мицкоски. Токму затоа СДСМ бараше да се свика затворена седница на владата да кончено слушнеме дали има и кој е планот на Владата по ова прашање.

— реклама —

Над 75% од граѓаните сакаат влез во ЕУ. СДСМ ќе продолжи да делува конструктивно, но нема да бидеме дел од манипулации и одлагања како алатка за кочење на иднината на младите. Ние сме на чекор пред целта, Владата треба да се охрабри и да го нарпави тој последен чекор.

Затоа, ја повикуваме владата на одговорно однесување, да не ги толкуваат туку спроведуваат пораките во интерес на граѓаните. Од нас ќе имаат поддршка доколку го променат досегашното однесување и доколку почнат да дејствуваат на конструктивен начин“, изјави Богданка Кузеска - портпаролка на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 59 минути

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања