Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Пожарот кај Бордо е ставен под контрола, но ризикот останува

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryqth82vev47eg7E5Ah3k

Големиот шумски пожар во регионот Жиронд, во близина на Бордо, во текот на ноќта не се проширил, соопштија утрово локалните власти, оценувајќи дека ситуацијата засега е стабилизирана.

— реклама —

Според регионалната управа, во текот на ноќта биле регистрирани неколку повторни жаришта, главно северно од Ле Порж и Кап Фере, но сите биле ставени под контрола. Властите додаваат дека изгорената површина не е зголемена.

Сепак, опасноста од повторно разгорување на пожарот останува. Француската метеоролошка служба „Метео Франс“ за денеска прогнозира температури меѓу 33 и 35 Целзиусови степени во внатрешноста на земјата, како и југоисточен ветер и морски поветарец долж брегот, услови што би можеле повторно да го разгорат огнот.

— реклама —

Портпаролот на Националната федерација на пожарникари, потполковник Ерик Брокарди, изјави дека пожарот во Жиронд, кој го опиша како „огромен ѕвер“, се наоѓа на пресвртна точка.

— реклама —

Тој нагласи дека состојбата на теренот и понатаму е кревка и нестабилна, но изрази уверување дека досегашните напори на пожарникарите ќе дадат резултат.

„Храброста и пожртвуваноста на пожарникарите ќе направат целиот досегашен труд да не биде залуден. Ќе победиме“, порача Брокарди.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library606dh2slja1t9W1PBaz

(Видео) Речиси 1.000 уапсени во Франција, Париз и натаму во судири – демонстрантите не се повлекуваат

Свет | пред 14 часа

— реклама —
media-library340vrkfgmr9laJRv4YO

Две лица тешко повредени на протестите во Франција, едното со сериозна повреда на раката

Свет | пред 14 часа

media-librarytt5gf9ndvvikbm4RFkV

(Фото) Палка со забиени клинци пронајдена кај приведен демонстрант во Франција

Свет | пред 14 часа

media-libraryulcgkm0d9us934OuC9W

(Видео) Над 800.000 луѓе на протести во Франција, тврди градоначалникот на Сен Дени

Свет | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања