Промени тема
Контакт

(Видео) Пожари и експлозии низ Русија: погоден логистички центар, гори рафинерија на Далечниот Исток

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryi2s1p0ohtl1q83qRNvV
screenshot X

Низа пожари и напади биле регистрирани во различни делови на Русија во текот на ноќта меѓу 10 и 11 август, вклучително и на локации илјадници километри од Украина.

Во селото Новаја Усман во Воронешката област избувнал пожар во логистичкиот центар на интернет-компанијата Wildberries, по серија експлозии за време на украински напад, според информации од руски извори.

Гувернерот на Воронешката област, Александар Гусев, соопштил дека во нападите со украински беспилотни летала загинал 49-годишен маж, а две лица биле повредени. Тој тврди дека противвоздушната одбрана соборила 15 дронови, додека жртвите и материјалната штета биле предизвикани од падот на нивните остатоци.

Истовремено, пожар избувнал во рафинерија за нафта во Комсомолск на Амур, во Хабаровскиот крај, на повеќе од 6.000 километри од Украина. Причината за пожарот засега не е утврдена.

— реклама —

Пријавен бил и пожар во електрана во Ангарск, во Иркутската област, околу 4.300 километри оддалечена од Украина. Украинските сили, според истите извештаи, погодиле и рафинерија за нафта и индустриски објект во Орск, во Оренбуршката област, на околу 1.500 километри од Украина. Овие информации не се независно потврдени.

— реклама —

Логистичките центри на Wildberries во последните недели неколкупати биле цел на напади. На 7 август бил погоден објект во Екатеринбург, а неколку дена претходно пожар избувнал и во магацин во Тулската област по напад со дронови.

Украина редовно изведува напади врз руска воена и индустриска инфраструктура, со цел да ги намали руските воени капацитети. Руското Министерство за одбрана соопштило дека во текот на ноќта противвоздушната одбрана пресретнала 456 украински дронови низ земјата.

— реклама —

Украинскиот Генералштаб, пак, соопштил дека било погодено и петрохемиското построение „Тоболскнефтехим“ во Тоболск, во Тјуменската област, околу 2.200 километри од украинската граница.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryvrg8dm6o6puia4q1xca

(Видео) Русија постави систем „Панцир“ над прометна сообраќајница во Москва

Свет | пред 17 часа

— реклама —
media-library9361j74v29b76UxTKKr

(Видео) Киев продолжува со удари врз руската енергетика, погодена рафинеријата во Самара

Свет | пред 1 ден

media-libraryh2aohabuoto18k0oXtb

Тројца загинати во руските напади врз Дњепар, речиси 100.000 потрошувачи останаа без струја

Свет | пред 1 ден

media-libraryb521vis21qi88JhzpeQ

Партијата на Путин со убедливо водство на парламентарните избори во Русија

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања