Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Пожарите не стивнуваат во Хрватска: Ново жариште избувна над Трогир

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Настани
media-libraryqhiro2dhipqi4jZNOY6

Хрватска повторно се соочува со сериозни пожари, а ново огнено жариште избувна на подрачјето на Тролокве, над Трогир. Снимки од пожарот беа објавени и на страницата на хрватските пожарникари.

Информацијата ја потврдил главниот пожарникарски командир, Славко Туцаковиќ, по што еден „ер трактор“ бил пренасочен од подрачјето на Омиш кон Трогир за да помогне во гаснењето.

— реклама —

Во меѓувреме, состојбата кај Локва Рогозница е нешто поповолна и засега нема ширење на огнот. Активен е и пожарот кај Куна Пелешка на Пељешац, каде што силниот ветер дополнително им ја отежнува работата на пожарникарите. Засега објектите се одбранети и нема потреба од евакуација, соопшти Хрватската противпожарна заедница.

Најтешка останува ситуацијата во областа на Омиш, каде што огромниот пожар во текот на ноќта стигна до градот и предизвика сериозни штети. Според досегашните информации, медицинска помош побарале 36 лица, а 14 биле задржани во болница, од кои 10 се на интензивна нега.

— реклама —

Размерите на пожарот се толку големи што бил регистриран и на сателитски снимки на НАСА.

— реклама —

Пожарот на Пељешац исто така продолжува да беснее, поради што загрозеното население и туристите биле евакуирани. Во пожарите се уништени куќи, автомобили и угостителски објекти, а во хаосот дел од луѓето се обидувале да избегаат со возила што веќе биле зафатени од пламенот, додека други спасот го барале во морето.

Сите расположливи сили се на терен, но силниот ветер и непристапниот терен дополнително ја отежнуваат борбата со огнената стихија.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybavldv8amgjt0iePvPg

Го притискале на градниот кош и вратот, му ставиле перница на глава и го удирале со тупаници: Четворица медицински техничари осомничени за смртта на 32-годишен поранешен атлетичар во Загреб

Балкан | пред 3 часа

— реклама —
Hrvatska-policija

Експлозија во центарот на Загреб, во близина на музеј пронајдено тело

Балкан | пред 1 ден

media-library8k9qjmcsf0pn7RS263T

Нови детали за трагедијата во Хрватска: Возачот тврди дека му се слошило зад воланот, одреден му е притвор

Балкан | пред 1 ден

media-library8k9qjmcsf0pn7RS263T

Нови информации за автобуската несреќа во Хрватска: Петмина од повредените се отпуштаат на домашно лекување

Балкан | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања