Промени тема
Контакт

(Видео) Престрелка на техно-фестивал во Швајцарија: Повеќе повредени, полицијата трага по сторителот, интервенираше и воен хеликоптер

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-librarynpd6tdm0jibgdyErk1z
фото: unsplash

Повеќе лица се повредени во престрелка што рано утрово се случила за време на техно-фестивал во швајцарскиот град Арау. Полицијата сè уште утврдува што точно се случило, а засега не е познато дали има загинати, ниту кој пукал.

Пукотниците биле испукани околу 3 часот наутро на просторот на хиподромот Шахен, каде што се одржувал фестивалот „Арау Рејв“.

— реклама —

Полицијата соопштила дека во инцидентот има „повеќе жртви“, но засега не е прецизирано дали под овој термин се подразбираат и загинати лица, пренесува швајцарскиот весник „Блик“.

„Сè уште не е јасно што точно се случило“, изјавила портпаролката на кантоналната полиција на Аргау, Ванеса Румполд.

— реклама —

Таа потврдила дека биле испукани повеќе куршуми кон поголема група луѓе.

На местото на инцидентот има голем број полицајци, а поширокото подрачје околу хиподромот е опколено. На терен се и пожарникари, како и специјализирана мобилна единица на цивилната заштита на кантонот Аргау.

Швајцарскиот јавен сервис СРФ објави дека во интервенцијата бил вклучен и хеликоптер „Супер Пума“ на швајцарската армија.

— реклама —

Засега не е познато кој пукал, ниту дали осомничениот или осомничените се во бегство.

На хиподромот во текот на викендот се одржувал фестивалот „Арау Рејв“, на кој настапувале голем број уметници и диџеи од целиот свет.

Според организаторите, фестивалот бил посетен од околу 3.500 луѓе. Манифестацијата била опишана како настан на уникатна локација, со амбиент на хиподром и најголемата тркачка патека во Швајцарија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryg6heeiv3c1euapt6CY7

Сушата ги откри тајните на Римската империја: Археолозите пронајдоа непознати градби во Швајцарија

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
Svajcarija

Швајцарија воведува данок од најмалку 2.000 франци за работници од ЕУ

Свет | пред 1 седмица

media-libraryg6heeiv3c1euapt6CY7

Швајцарците денес гласаат на референдум за построга неутралност и забрана на соработката со НАТО

Свет | пред 1 седмица

media-libraryl5b9p74la21kb198H8I

Швајцарија со 3:0 ја совлада Македонија во Лигата на нации

Спорт | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања