Промени тема
Контакт

(Видео) Претседателката го отвори 66. Охридско лето: За разлика од политиката, културата е творец на невозможното

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Настани
media-libraryldfs4oaa1p9fcXXypgP

Со пригодна свеченост во Античкиот театар во Охрид, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчера официјално го прогласи за отворено 66. издание на фестивалот „Охридско лето“.

Во своето обраќање, таа истакна дека човештвото живее во време исполнето со поделби, конфликти, војни, страв и неизвесност, но дека токму културата и уметноста остануваат простор каде се создаваат надежта, мирот и солидарноста.

„За разлика од политиката, која е далеку од уметноста на можното, музиката и театарот, односно културата, остануваат креатори на невозможното“, порача претседателката.

— реклама —

Сиљановска-Давкова нагласи дека творештвото со векови ја осветлува човековата свест и совест и оцени дека фестивалот „Охридско лето“ е симбол на поетиката на мирот и љубовта, потврдувајќи дека уметноста е суштинска човечка потреба.

Таа истакна дека Охрид со право ја носи титулата македонска културна метропола и дека претставува идеално место за фестивал од ваков ранг.

— реклама —

„Дозволете ми со неизмерна радост и особена чест да го прогласам 66. издание на фестивалот „Охридско лето“ за отворено“, рече претседателката.

— реклама —

По свеченото отворање, таа порача дека во наредните 40 фестивалски вечери Охрид нема да биде само град, туку сцена на која уметноста ќе го има главниот збор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryv3ugrg05ue6ifr6GRqp

„Охридско лето“ - 40 дена фестивалска магија, рекордна посетеност и аплаузи за врвната уметност

Охрид | пред 5 дена

media-library2mm50130lomn2glGQOW

„Охридско лето“ со рекордни бројки: Вечерва се спушта завесата на 66. издание

Охрид | пред 6 дена

media-libraryhuapsqe2cojv6WST7Ab

Полска вечер на „Охридско лето“:Уникатно музичко доживување за публиката

Охрид | пред 6 дена

media-library00djv1ijqgso6cPUEtk

Унгарска вечер на „Охридско лето“  со младите и талентирани уметници Ноеми Салаи и Александра Балог

Охрид | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања