Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Претставата на Џон Малкович ги налути националистите во Бугарија: „Ова е срамота и мора да се забрани“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
Screenshot-2024-11-12-120201

Претставата во режија на американскиот актер Џон Малкович ги налути националистите во Бугарија кои ја сметаат за навреда за земјата, тврдење кое холивудската ѕвезда го отфрла.

Минатонеделната премиера на драмата „Оружје и човек“ на ирскиот драматург Џорџ Бернард Шо, за Српско-бугарската војна од 1885 година, предизвика насилни протести на националистичките групи.

— реклама —

Држејќи транспаренти на кои пишуваше „Малкович, оди дома“, демонстрантите во четвртокот го блокираа пристапот до Националниот театар „Иван Вазов“ во Софија, пред да се обидат да упаднат во зградата, обвинувајќи го 70-годишниот режисер дека ја исмева историјата на земјата и нејзините граѓани.

— реклама —

„Оваа претстава е срамота и мора да се забрани. Ги исмева нашите предци кои загинаа за Бугарија“, извика 21-годишната студентка Јоана Илијева, која беше во разгневената толпа. По премиерата на претставата во речиси празна сала, Малкович изјави дека е воодушевен од тоа како била примена неговата продукција.

„Тоа е доста необична реакција, но чудно е време во светот – се повеќе луѓе сакаат да цензурираат работи со кои не се согласуваат“, рече тој на прес-конференција заедно со неколку актери на сцената.

— реклама —

Веејќи бугарски знамиња, толпа гневни демонстранти вербално и физички ги нападнаа директорот на театарот и поранешниот министер за култура. Обвинителството отвори истрага за конфликтите.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Haker-2-620x350

Бугарија откри петгодишен хакерски напад: Украдени 130 гигабајти документи од државни институции

Балкан | пред 1 ден

— реклама —
britanski-brod-crno-more

Товарен брод со речиси три тони пченица потона во Црното Море кај Бугарија, спасени сите 12 членови на екипажот

Балкан | пред 4 дена

media-librarydpqi2912p5fn4XnUYXr

Лажен лекар од Бугарија мамел пензионери во Хрватска: Им кажувал дека децата им се повредени, па им земал 66.250 евра

Свет | пред 1 седмица

jabolka

Бугарија враќа 19 тони јаболка од Македонија поради зголемено количество пестициди

Балкан | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања