Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

(Видео) Протести во Тел Авив против војната со Иран, полицијата интервенираше

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 часа -

Свет
media-libraryec0agdpftet36GnoTps
screenshot x

Над илјада лица протестираа во Тел Авив против војната на Израел со Иран и Хезболах, барајќи запирање и „разговори наместо бомбардирање“. Дел носеа транспаренти против власта и Нетанјаху. Полицијата, која дозволила собир до 150 лица, интервенира и ги растера демонстрантите. Организаторите најавија продолжување на протестите и бараат крај на војните и насилството. Конфликтот трае од 28 февруари; Хезболах се вклучи на 2 март. Израел соопшти за уште еден загинат војник во јужен Либан (вкупно 11).

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Повеќе од илјада лица вечерва протестираа во Тел Авив против војната што Израел ја води против Иран и движењето Хезболах во Либан, барајќи нејзино запирање, по што полицијата ги растера демонстрантите.

— реклама —

„Не бомбардирајте, разговарајте“, извикуваа учесниците на протестот кои се собраа во центарот на градот. Дел од нив носеа транспаренти со пораки насочени кон израелските власти, меѓу кои и порака дека премиерот Бенјамин Нетанјаху претставува закана за државата.

— реклама —

Блискиот Исток е во воен конфликт од 28 февруари, по заедничкиот американско-израелски напад врз Иран, на што Техеран возврати со ракетни напади и напади со беспилотни летала кон Израел и други земји во регионот.

Движењето Хезболах се вклучи во конфликтот на 2 март, по убиството на иранскиот врховен лидер Али Хамнеи во Техеран. Израел одговори со воздушни напади низ Либан и копнена офанзива на југот од земјата.

— реклама —

Набргу по почетокот на протестот, полицијата, која претходно дозволила собир до 150 лица поради безбедносни причини, интервенирала и ги оттурнала демонстрантите, од кои дел повторно се вратиле или седнале на улица.

Еден од организаторите, Алон-Ли Грин од движењето „Стоиме заедно“, изјави дека полицијата се обидува да ги замолчи, но дека нивна должност е да продолжат со протестите. Тој нагласи дека бараат крај на војната во Иран, Либан и Појасот Газа, како и прекин на насилството на Западниот Брег.

Дел од учесниците изразија сомнеж во оправданоста на војната. Шеесет и двегодишна демонстрантка изјави дека се противи на конфликтот и дека не верува во причините наведени од владата.

Во меѓувреме, израелската војска соопшти дека еден војник загинал во борбите на југот на Либан, со што бројот на загинати војници од почетокот на судирите на 2 март се искачи на единаесет.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarygit09tmeur0ufG7uK4U

Зграда оштетена во близина на Тел Авив по ирански напад

Свет | пред 1 седмица

media-libraryuipa145qbg952DfiKtb

(Видео) Трамп и Нетанјаху прикажани како Пинокио на плажа во Тел Авив додека имаат средба во Вашингтон

Свет | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања