Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Први тензии во Србија: објавена снимка од наводен контакт-центар на СНС

Автор:

објавено пред 2 седмици -

Свет
media-librarym8qvrb7cv1q1bixsP3X

Фејсбук-страницата „Сложно против диктатура“ објави видео за кое тврди дека прикажува контакт-центар на Српската напредна странка (СНС) во Батајница, кој на денот на парламентарните избори бил користен за агитирање.

„Во Батајница откриен и растурен контакт-центар на СНС“, стои во описот на објавеното видео.

— реклама —

На снимката се гледаат повеќе лица кои седат на работни бироа, додека група луѓе влегува во просторијата и бара да им бидат покажани списоците според кои работат. Тие и снимаат дел од списоците на масите.

Во еден момент, една од девојките разговара на телефон и вели: „Ја турна Магдалена, еве ме снимаат, излезете надвор“.

— реклама —
— реклама —

КЛИКНИ ЗА ВИДЕО

Дел од присутните девојки се обидуваат да ги сокријат лицата од камерата, додека лицата кои влегле во просторијата продолжуваат да бараат информации за списоците.

— реклама —

Снимката е објавена во текот на денешното гласање на предвремените парламентарни избори во Србија, на кои граѓаните избираат нов состав на Народното собрание.

Засега нема независна потврда дека просторијата навистина е контакт-центар на СНС, ниту дека во неа се спроведувало недозволено изборно агитирање. Не е познато ниту кој ја направил снимката и под кои околности лицата влегле во просторијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryatmn5bh3tk6udu1tQx8

Конечни резултати од изборите во Србија: Студентската листа со 140, СНС со 103 мандати

Балкан | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryatmn5bh3tk6udu1tQx8

Познат е конечниот состав на парламентот по изборите во Србија

Балкан | пред 1 седмица

media-library13mnh6llnm839LF9x5Z

Претседателските избори во Србија мора да бидат распишани до 27 декември

Балкан | пред 2 седмици

media-library73738d5u84sb7xcuArP

Студентската листа во Србија бара оставки од раководителите на полицијата и БИА

Балкан | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања