Промени тема
Контакт

(Видео) „Прво средете ја сигнализацијата, па применувајте ‘Сејф сити’“, Давидовиќ за предноста, но и проблемите на новиот систем

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-libraryr25thq0ag6m8e34qqdT
Скопје1.мк

Адвокатот Звонко Давидовиќ во емисијата „Претрес“ посочи дека системот „Сејф сити“ може да даде резултати само доколку претходно се создадат јасни и фер услови за негово спроведување.

Според него, основен предуслов е поставување соодветна сообраќајна сигнализација на сите улици, со јасно означенао ограничување на брзината.

„Прво пред сѐ, на сите улици треба да има сообраќајни знаци со ограничување на брзината. Ние на дел од улиците немаме ограничување и едноставно не знаете колку треба да возите“, рече Давидовиќ.

Тој укажа и на, како што оцени, нелогичности на автопатот од Скопје кон Велес, каде на одредени делници има значително намалување на дозволената брзина.

„На излез од Скопје имате 50, па 70, а потоа кон Велес, иако Законот за јавни патишта забранува брзината на автопат да се спушти под 80 километри на час, имате ограничување од 50 кај тунелот, а по тунелот 60-70. Тоа не е автопат“, нагласи тој.

— реклама —

Давидовиќ смета дека ваквите решенија создаваат конфузија кај возачите и ја доведуваат во прашање оправданоста на санкционирањето.

Во однос на „Сејф сити“, тој посочи дека системот покажува како функционираат правилата кога постои реална и неизбежна санкција.

— реклама —

„Во мигот кога имате извесна репресија, односно закана дека ќе платите глоба и никој не може да ви помогне, затоа што камерата не можете да ја ‘ургирате’, се почитува прописот“, истакна Давидовиќ.

Тој оцени дека со вистинска и неселективна примена на законот, многу брзо би се воспоставил ред во сообраќајот, но додаде дека за тоа е потребна институционална посветеност.

— реклама —

„Со вистинска примена на законот, без селективност, многу брзо ќе доведете во ред многу работи. Но некој треба да се потруди за да го спроведе тоа, а во нашиот правосуден систем очигледно го немаме тоа“, заклучи Давидовиќ.

Зборувавме и за одземањето на возила, цел поткаст е тука:

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryc41j9c8somsa5A3o6pN

(Во живо) Беџети: ДУИ нема да обезбеди Бадентер за враќање на името „Македонија“

Студио | пред 3 дена

— реклама —
media-libraryf0v7rd6ivom35mjKkdo

(Во живо) Беџети за Ахмети: Во партијата нема расположение да се повлече од лидерската функција

Студио | пред 3 дена

media-libraryq03a37oir6fn6bur6kl

ВО ЖИВО: ДУИ за првпат на „Претрес“ – Беџети за Ахмети, Груби, судството, „нашите и вашите“, УЧК, изборите...

Македонија | пред 3 дена

media-libraryhi7agm4bgorp7527Cs1

„Не се предадовме, не се откажавме“ – „Претрес со Ландов“ се враќа во среда

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања