Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Рибари во Грција пронашле морски дрон со 100 килограми експлозив

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-libraryvq4g13e1epon5HJZzqp

Морски дрон опремен со околу 100 килограми експлозив, кој рибари го пронашле во близина на грчкиот остров Лефкада, е неутрализиран во контролирана експлозија, објави грчката радиотелевизија ЕРТ њуз.

Дронот, долг околу шест метри, бил забележан во четвртокот покрај карпест брег на Јонското Море, а неговиот мотор сè уште работел кога рибарите го извлекле и го однеле во мало пристаниште, без да знаат дека носи експлозив.

— реклама —

Според грчката крајбрежна служба, експлозивот бил безбедно детониран, а дронот бил пренесен во специјален поморски објект каде што се истражуваат неговото потекло, техничките способности и рутата по која се движел.

— реклама —

Грчките медиуми јавуваат дека станува збор за дрон „Магура“ од украинско производство, каков што Украина користи во војната со Русија за напади врз поморски цели.

— реклама —

Министерот за цивилна заштита, Михалис Хрисохоидис, изјавил дека станува збор за „сериозен случај“, додека весникот „Катимерини“ објави дека властите ја испитуваат можната поврзаност со украинските операции против руската „флота во сенка“.

Сведоци изјавиле дека моторот на дронот продолжил да работи и по пристигнувањето до брегот, што отвора сомнежи дека операторите изгубиле контрола врз него и дека пловел сè додека не удрил во брегот.

Грчките власти изразиле загриженост што пловило натоварено со експлозив успеало да стигне до туристички остров, предупредувајќи на ризиците за поморската безбедност, инфраструктурата и населението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

bura-696x391

Црвен аларм во девет области во Грција поради силни бури и обилни врнежи

Балкан | пред 1 ден

— реклама —
media-library9d89q3t0mfujbtKeKQ9

Првиот човек на грчката кошарка поднесе оставка поради скандал

Спорт | пред 3 дена

media-library16digmv7jnng54Rl5rE

Голема заплена во Солун: Уништени над 22.000 фалсификувани играчки со ознаки на познати брендови

Свет | пред 3 дена

media-library24luvmipt5kn0yY4pIw

Грција забрани социјални мрежи за деца помлади од 15 години

Технологија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања