„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Видео) „СДС на чело на АНБ постави член на ИО на партијата како Виктор Димовски, а АР ја партизираше со Муслиу“, вели Петрушевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
petrushevski1

„СДС нема кредибилитет да зборува за безбедносните служби. СДС ги партизираше АНБ и Агенцијата за разузнавање додека беа на власт. На чело на АНБ го поставија партискиот кадар Виктор Димовски, кој беше партиски функционер на СДС“, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Виктор Димовски беше член на ИО на СДС, највисоко тело во опозициската партија, и член на нивните комисии.

— реклама —

Во АР СДС го има поставено Еролд Муслиу, кој во ек на најголема власт на СДС ги следеше функционерите на ВМРО-ДПМНЕ злоупотребувајќи ја службата.

Муслиу правеше хајки против ВМРО-ДПМНЕ, а од Агенцијата за разузнавање направи партиски штаб на СДС.

Да потсетиме само дека СДС за директор на УБК своевремено го имаше и Миле Зечевиќ, партиски функционер, кој потоа стана и генерален секретар.

За разлика од кадрите на СДС како Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Миле Зечевиќ, ВМРО-ДПМНЕ на чело на службите поставува професионалци.

Изборот на Бојан Христовски на чело на АНБ е професионален избор, станува збор за лице кое повеќе од деценија е вработено во безбедносните служби и и служело на државата.

Бојан Христовски е лице кое како професионалец бил подлежен на хајка и мобинг од партиските кадри на СДС, исто како и сите останати професионалци во службите“, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 2 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања