Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Се урна воен хеликоптер на Еуфор во БиХ, четворица загинати и 11 повредени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Настани
media-libraryhl591o7e89ejapHKGxp

Снимка од моментот на уривањето на воен хеликоптер на Еуфор во Босна и Херцеговина се појави на социјалните мрежи. Несреќата се случила попладнево во Горица, во близина на Брчко, при што загинале четири лица, а 11 биле повредени.

— реклама —

На видеото се гледа леталото непосредно пред падот. Според очевидци, хеликоптерот почнал неконтролирано да се врти во воздухот, по што се урнал на земја. Снимката ја објави и босанскохерцеговскиот весник „Дневни аваз“.

Градоначалникот на Брчко, Синиша Милиќ, потврдил дека во несреќата загинале четири лица, а 11 се повредени. Повредените биле пренесени во здравствениот центар во Брчко. Според локалните медиуми, сите загинати и повредени се италијански државјани.

— реклама —

Полицијата, пожарникарите и екипите на итната медицинска помош пристигнале на местото на несреќата, а поширокото подрачје било обезбедено.

— реклама —

Од Еуфор потврдиле дека нивен хеликоптер се урнал за време на рутинска операција. Според нивното соопштение, нема повредени цивили ниту оштетувања на цивилна инфраструктура, имот или возила.

Според медиумските информации, станува збор за транспортен хеликоптер ЦХ-47 „Чинук“, кој го користи италијанската армија во рамките на мисијата Алтеа на Еуфор во Босна и Херцеговина. Причината за несреќата засега не е позната, а Еуфор отвори истрага.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

bosna-1

Се преврте автобус на патот Тузла – Сараево, 11 лица се повредени

Свет | пред 6 дена

— реклама —
media-library3hi0rvmnlhjkf6qa7Oq

(Видео) Фрлен солзавец во ноќен клуб во БиХ, 38 повредени во стампедо

Настани | пред 1 седмица

media-library13rk50ip047kauqNvmH

Во БиХ сè уште се бројат гласовите, партиите прават калкулации, а Додик најавува нов Устав на РС.

Балкан | пред 2 седмици

fajzer-vakcina-vakcinacija-1

И БиХ привремено прекина со употребата на бугарската БСЖ вакцината

Балкан | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања