Промени тема
Контакт

(Видео) Скандалозно, ДПМНЕ смени закон за ВЛЕН да вдомат партиски кадар во Државниот инспекторат, рече Ангеловска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија

„Со кршење на Деловникот и собраниските процедури ДПМНЕ уште еднаш ја покажа својата сервилност кон коалициониот партнер ВРЕДИ. Најпрво со повлекување на Законот за средно образованиеа овој пат преку итната промена на Законот за просветна инспекција, спротивно на Деловник, овозможувајќи му на својот коалиционен партнер да назначи свој кадар кој ќе ги спроведува наредбите на Јанеска штитејќи ги партиски подобните на ДПМНЕ“, рече Розалија Ангеловска - комисија за образование на СДСМ.

— реклама —

„Ова е партизација на штета на образованието. Видно од биографијата на ВД директорот на Државен просветен инспекторат Шабан Алајбегу објавена на официјалната страница на просветниот инспекторат не случајно е избегнат фактот дека Алајбегу нема педагошко искуство во воспитание и образование туку работел како секретар во училиште, работно место кое спаѓа во категорија административен кадар.

— реклама —

Со измената на Законот за просветна инспекција очигледно е дека кандидатот за директор на Државен просветен инспекторат на ДПМНЕ и ВРЕДИ нема познавање на англискиот јазик и не може да се стекне со соодветен меѓународно признат сертификат, па му се овозможува на сила, да се стекне со потврда на полесен и поедноставен начин во институции каде владеачката коалиција може да влијае.

— реклама —

ДПМНЕ со овие измени повторно го урнисува образованието, брутално го партизира и овозможува вдомување партиски кадри за битни раководни позиции на ВРЕДИ а во иднина и на свои накомпетентни кадри.

ДПМНЕ наместо да стави акцент за целосна примена и функционалност на законите продолжува кон неусогласеност со единствена цел создавање можности за необјективност , манипулација и поделба на партиски подобни и неподобни.

— реклама —

Наместо да го усогласат Законот за просветна инспекција со Законот за инспекциски надзор, Законот за прекршоци и Законот за административни службеници дадоа приоритет во содавање услови за неспособни директори алатки на Весна Јанеска и ДПМНЕ“, изјави Розалија Ангеловска - комисија за образование на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryog60n8coau9ieBMVNXd

СДСМ: Две и пол години Мицкоски и ВМРО: милиони од тендери за бандата, сиромаштија за граѓаните, изолација за Македонија

Македонија | пред 3 часа

— реклама —
Screenshot-2024-01-15-at-09.33.00

СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: „Што направивте освен криминални тендери?“

Македонија | пред 18 часа

media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ: ЗНАМ во Гостивар го чува идентитетот, а свој нема – има далечинско

Македонија | пред 19 часа

media-library5599haamqj8b3gCjaWK

СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Велите да пријавиме? Пријавуваме со месеци, вие сте на власт

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања